Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

Како да одиш на состанок како возрасна?

Веќе наполни 30, но сè уште не се смири? Или пак можеби имаше сериозна врска и наеднаш се разделивте? Без разлика на тоа дали се гледаш со ново момче следната недела, или пак сакаш да си го освежиш бракот, имај ги на ум овие 3 совети кои ќе го направат твоето излегување помалку тинејџерско.

Ти си таа која одлучува

Никој не е совршен. Не си ни ти, ниту пак момчето, ниту кафулето во кое се договоривте да се видите. Не очекувај дека сè ќе се одвива како во романтична комедија. Ние сме тие кои ги правиме животните избори – без разлика дали состанокот ќе заврши уште пред само што почнал, или пак ќе бидете двојката која ќе се вљуби, стапи во брак и ќе остари заедно во прекрасна природа. Тоа не е запишано во ѕвездите, туку зависи од одлуката која ќе ја направите вие двајцата и затоа е важно да ја направите внимателно, слушајќи ги вистинските чувства, а не базирана на романтични соништа. Навистина можеш да создадеш успешна врска без малку романтика! Не претерувај со изгледот

Шминка како Бијонсе, стилска фризура, нов фустан, високи потпетици до небото, секси долна облека... ОК, што и да прави да се чувствуваш женствено и добро во врска со себе е во ред, но не претерувај. Стави облека во која се чувствуваш лесно; во неа повеќе ќе зрачиш со сексапил отколку во неудобра гардероба, а на твоја возраст веќе и треба добро да знаеш дека мажите не набљудуваат толку многу и не прават разлика помеѓу скап фустан и твојот омилен повеќенаменски „мал црн фустан“ кој го носиш со години. А за да го потенцираш сензуалното расположение, најдобро ќе биде да се напрскаш со добро одбран парфем кој ќе направи да се чувствуваш луксузно, дури и со помалку спектакуларен стил.

Биди искрена

Со себе... а и со него. Не се преправај дека си загрижена, доколку не си. Не се преправај дека си повеќе слободоумна, дива и независна отколку што вообичаено си и не се плаши дека вистинската Ти ќе го исплаши. Мажот кој не ги разбира твоите вистински потреби и желби не е мажот со којшто треба да бидеш (дури ни на состанок). Размисли што навистина сакаш од еден маж, од вашата врска и од себе. Можеби она што го бараш не е навистина среќно да живеете до крајот на животот? Промисли добро и искомуницирај го на време (доколку е вистина), бидејќи мажите исто така имаат чувства кои можат да бидат повредени.

 

Avon Attraction за Неа

Avon Attraction за Него