Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Што твојот несесер кажува за тебе

Твојот несесер треба совршено да се вклопува во твојот животен стил и да ја поддржи твојата дневна рутина. Погледни внатре и провери каков тип на несесер најдобро ти одговара.

Спортски

Не можеш да си го замислиш животот без вежбање и без напливот од ендорфини кои се резултат на тоа. Физичкиот напор помага во ослободувањетп од стресот и детоксфикацијата на организмот. Твојата обликувана силуета и насмевка кажуваат сѐ! Твојот активен животен стил бара производи кои ќе ти помогнат да бидеш свежа и полна со енергија во текот на целиот ден.

Парфимиран ролон – неговата големина е совршена за во несесер, а заштитата која ја дава за време на тренинзите ја зголемува твојата самодоверба и резултати. • Сув шампон – брзо ја оживува косата по тренингот, пред средбата со пријателите.• Спреј за тело – го зголемува го нивото на енергија и ти дава свежина!• ББ  крем – нуди 2 придобивки во 1 производ, лесен е и има заштитен фактор. Совршено решение за летно џогирање. • Водоотпорна маскара – комбинација на тренингот со добриот изглед. Нема да те изневери.Природен 

Совршено добро знаеп дека здравиот стил на живот не се однесува само на исхраната, туку исто така, и за изборот на козметиката која претставува храна за кожата. Твојот несесер е полн со производи кои содржат природни екстракти и овошни мириси.

•  Гел за туширање – овошните мириси даваат енергија, а кога и витамините се тука … уште подобро!•  Мирис – сакаш мириси кои потсетуваат на долини и мирно море, затоа твојот парфем содржи цветни, океански или овошни ноти. •  Спреј за лице – твојата свежина не е само поради мирисот, туку и поради својствата за негување кои формулата ги содржи на пр. алое и памук. •  Шминка во боја на кожа – ти нежно ја нагласуваш сопствената убавина со бронзени бисери или сенки за очи во крем боја. Помалку е повеќе е твоето правило! •  Mаникир – дури и кога ги боиш ноктите, сакаш да си играш со природни мотиви.

Забавен

Сакаш да се дружиш со твоите пријатели, да зборуваш, да се смееш и да танцувам. Затоа, твојот несесер е полн со производи кои брзо може да те трансформираат во вистинска дива. “Живееш само еднаш” е твоето мото!

•    Специјален лак за нокти – сакаш да експериментираш! Твоите нокти секогаш се истакнуваат! •    Молив за очи – не постои шминка за очи без молив за очи. Понекогаш сакаш да го зачиниш со малку повеќе боја! •    Нагласени очи – твоите очи се најчесто нагласено дефинирани. Немаш време за вештачки трепки! Имаш подобар начин! •    Комплет за веѓи – веѓите кажуваат повеќе од очите и ти го знаеш тоа!•    Впечатлив кармин – енергичните бои совршено се вклопуваат со твојот карактер. •    Спреј за фиксирање на шминка – забавите траат цела ноќ, затоа ти правиш твојата шминка да трае подолго!