Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

Шминка инспирирана од пеперутката

Знаеш дека доаѓа пролетта кога ќе ги видиш првите пеперутки. Инспирирани од нивните светкави, разнобојни крилја, деликатност и растрепереност, создадовме комбинации на шминкање кои се совршени за сончевите сезони. Зароби ја уникатноста од овие прекрасни суштества, следејќи ги нашите 3 туторијали , или пак создади своја композиција од набљудувањето на пеперутките

Егзотични крилја

1.   1. Нацртај крилоСо помош на четка нанеси виолетова сенка за очи на горниот очен капак. Не го покривај целиот капак туку само местото каде што се превиткува. За да создадеш геометриска форма, кон надворешниот агол на окото исцртај врв во форма на крило.

2.   2. Осветли ја шминкатаДодади жолта сенка за очи по долниот очен капак. Тоа ќе го осветли твојот изглед.

3.   3. Додади сјајНа средината на горниот очен капак нанеси сребрена или бела сенка за очи со врвот на прстите.

4.   4. Дефинирај гиНацртај црна линија врз линијата на горните трепки и заврши ја со деликатен шпиц во облик на крило. На крајот нанеси маскара, на пример SuperShock blackest black.

 

Пеперутка во син нијанси

1.   1. Нацртај основаНацртај подебела сина линија над линијата на трепките на горниот очен капак. Употреби мокра четка со цел бојата да изгледа поинтензивна.

2. Играј си со боитеСенките за очи можеби ти се во една палета на бои, меѓутоа секогаш можеш да додадеш разнобојни шари од друга палета на очните капаци. Така ќе создадеш излузија како мозаично растреперени крилја на пеперутка.

3.   3. Осветли ги очитеНанеси сребрено моливче за очи во внатрешниот аголо на окото, сè додека не се помеша со мозаикот од сенките за очи. Посветлите нијанси во очниот агол ќе направат окото да изгледа полесно и воздушесто.

4.   4. Дефинирај гиНанеси темна маскара на трепките, како што е на пример SuperShock blackest black.

 

Виолетово расположение

1. Нацртај полукруг во бојаНа врвот од горниот очен капак нацртај дебел полукруг во темно сина боја, следејќи ја формата на окото за да создадеш сензуалност. Користи мокра четка за шминка за боите да изгледаат поинтензивно.

2.   2. Додади малку деликатностНанеси сенка за очи во светло розова боја под долниот очен капак. На овој начин ќе ја осветлиш шминката и ќе направиш д изгледа романтично.

3.   3. Пополни со бојаПополни го празниот простор под полукругот со виолетова сенка. Внимавај да не ја покриеш темно сината линија.

4.   4. Заврши со стилКако последен чекор можеш да нанесеш маскара, на пример црна SuperShock. Обиди се да гираздвоиш и издолжиш трепките, така што ќе ги потенцираш врвовите.

Сенка за очи Dimensions

Четирибојни сенки за очи True Color

Четирибојни сенки за очи True Color Jeans  

Четирибојни сенки за очи True Color

Гел-молив за очи SuperShock

Сенка за очи Dimensions

Четирибојни сенки за очи True Color