Македонија
    |         |         |    
BSP_Inspirations_photo_shoot

Потребите на зрелата кожа

Зрелата кожа вообичаено е многу сува. Покажува напредни знаци на стареење, како брчки, тенки линии и дамки. Продуцира помалку себум и повеќе е подложна на иритација и горење. Исто така, станува и почувствителна на временските услови и изложување на сонце. Токму затоа потребна ѝ е и посебна, таргетирана нега. Провери кои производи ќе ти помогнат да го вратиш младешкиот изглед.

Избори се со сувоста

Зголемување на сувоста на кожата е првиот знак и за нејзино стареење. Кожата ја губи способноста да се врзува со водата во епидермисот, нејзината функција за регенерирање ослабнува, а бројот на влакната на колагенот и еластинот, кои инаку ја детерминираат цврстината на кожата, природно се намалува. Кожата станува видливо потенка и првите тенки линии и брчки се појавуваат.

…со интензивно хидрирање

Длабоката хидратација е она што највеќе ќе ѝ помогне на зрелата кожа да се избори со сувоста. Снабди ја кожата со хијалуронска киселина и барај состојки со хидрирачки и смирувачки карактеристики. Хијалуронската киселина природно се продуцира во клетките на кожата. Таа формира заштитен слој, спречувајќи го испарувањето на водата и одржувајќи ја кожата хидрирана. Со возраста, создавањето на хијалуронска киселина исчезнува, предизвикувајќи ја кожата да се суши, што пак резултира со појавување на првите брчки. Кремите кои содржат хијалуронска киселина помагаат во надополнување на овој елемент во кожата, помагајќи ѝ да ја врати својата еластичност и младешки изглед. Нанесувањето на оваа состојка во секојдневниот режим ќе ѝ даде на кожата помазен и поцврст изглед. Запомни дека на зрелата кожа ѝ е потребно повеќе од само дневен и ноќен крем. Интензивирај ги резултатите со помош на маски за лице кои се богати со активни состојки, како што е на пример ANEW Clinical Hydra Recovery маската за преку ноќ со хијалуронска киселина и шеа путер, за младешки изглед наутро.

Спречи ги дисколорациите…

Постојат многу видови на дисколорациии: точки, бенки, пожолтување, црвени или кафени дамки, белези од акни или нерамномерен тен, и сите овие не се само проблем на зрелата кожа, туку придонесуваат секоја кожа да го изгуби својот убав ен. Можат да се појават, на пример, поради хормонални пореметувања, изложување на сонце или пак воспаленија.   

…со витамини

Кремите ја израмнуваат бојата на кожата и го спречуваат појавувањето на темни дамки, а вообичаено содржат и витамин Ц, кој не само што ја осветлува кожата и го намалува црвенилото, туку делува и како анти-воспалително средство кое го спречува појавувањето на нови дамки. Витаминот Ц е исто така неопходен доколку сакаш да се ослободиш од дисколорациите по сончањето. Anew Clinical Absolute Even multi-tone коректорот за кожа содржи две комплементарни форми на витамин Ц и го спречува создавањето на меланин на клеточно ниво, со што го подобрува тенот на кожата, ја намалува хиперпигментацијата и ефективно се бори против 7-те споменати типови на дисколорации. Да се одбегнува прекумерно сончање исто така е препорачливо. Секогаш кога планираш да одиш надвор, запомни во твојата секојдневна нега да вклучиш и заштитен фактор.

Намали ги брчките…

Стареењет на кожата е природен процес, меѓутоа ти можеш да го намалиш неговиот прогрес. Клучот за младешка кожа е редовно хидрирање и заштита од прекумерна сончева светлина предизвикана од УВ зраците. Зрелата кожа исто така се соочува со намалено ниво на колаген, што ја намалува и еластичноста и мазноста на кожата.

….со антиоксиданти, пептиди и колаген

Антиоксидантите како витамин Е и Ц ја спречуваат оксидацијата на другите молекули, попречувајќи и неутрализирајќи ја штетата од слободните радикали и задржувајќи го здравиот и младешки изглед на кожата. Содржината на антиоксидантите во производите за нега на кожа во голема мера помагаат во намалување на појавата на брчките. За да ја направиш твојата кожа поцврста и за да ги намалиш брчките, исто така барај производи со пептиди – клеточните комуникатори кои ја заштитуваат кожата од прекумерно губење на вода и од штетните надворешни фактори, а дополнително ѝ помагаат на кожата да функционира на здрав начин. Тие лесно се впиваат длабоко во кожата и го стимулираат природниот процес на нејзино регенерирање. Друга состојка која треба да се нанесува на зрелата кожа е колагенот, структурен протеин кој изобилува во човековото тело, а може да се најде во кожата, коските и врзните ткива. Овозможува цврстина, структурна поддршка за телото и заедно со еластинот ја одредува еластичноста на кожата. За да го поттикнеш сооздавањето на колаген, користи корективен третман ANEW Clinical Line со A-F33 комплекс.

 

Некои области се повеќе подложни на брчки поради потенката кожа на тој дел. Обрни посебно внимание на кожата околу очите и усните. За очи обиди се со системот ANEW Clinical Infinite Lift Dual Eye system за да ја зацврстиш кожата и да го намалиш појавувањето на брчки и темни кругови. Неопходно е твојата секојдневна нега да ги таргетира токму овие проблематични области, дури и кога на целата кожа на лицето сè уште не ѝ е потребно. Па така, набљудувај ја твојата кожа за да реагираш на време.