Македонија
    |         |         |    
BSP_autumn

Победете ја есента со бои

Секогаш се работи за одлука. Можеш да одлучиш твојата есен да биде сива и мрачна, или пак сосема спротивното, забележлива по своите прекрасни бои кои ќе ги преточиш и во твојата гардероба. Ние силно ја препорачуваме втората опција. Модерна е и многу попријатна.

Храбра чанта

Впечатливите бои традиционално се резервирани за летото. Со цел да ја обележиме промената на сезоната, имаме тенденција да се обвиеме во бледи и безбојни кожурци. Истражувањето на американскиот пазар покажува дека модните куќи продаваат за 30% повеќе сиви и за 20% повеќе црни алишта на есен, отколку во кој било друг период во годината. Ова јасно покажува дека доколку сакаш да бидеш забележана, не смееш да се откажеш од живите бои кога ќе си замине летото.

 

Започни со чантата. Интензивна морнарсно сина, сончево корална, розова како малина сочна портокалова, или комбинација од суптилни пастелни бои? Изборот е твој, а боите ти се на располагање

Зашеметувачки камчиња

Иако чантата е неопходна, сепак не е единственото нешто со кое можеш да ја поминеш есента, без притоа сепак да се помешаш во безбојната, досадна толпа. Исто и накитот совршено може да ја одигра таа улога. Секогаш го сакаме класичното сребрено и карактеристичното златно, но запомнете дека всушност сакаме да се избориме со мрачната есен и потребни ни се поживи бои. Што велиш за розови стаклени камчиња совршено искомбинирани во ѓерданот Romilly, со соодветни обетки во комплет? Или пак можеби уникатна комбинација од зелени, бели и виолетови камчиња во колекцијата Sparkle Surprise? Исто така и приврзок со слатка цреша или разнобоен папагал може да биде потсетник за летото и ќе ве грее за време на постудените денови.

Нешто дополнително

Кога температурите ќе опаднат, дефинитивно ќе ти биде потребна и шал. Ова е одлична можност да внесеш малку повеќе боја во гардеробата. Смарагдното зелена во шалот Zee може да биде одличен додаток, но доколку сакаш да се воздржиш од интензивните бои, одбери модерни шари кои јасно ќе ја пренесат пораката на светот.

Доколку си љубител на спојувањето контрасни бои, имаме повеќе предлози за тебе. Обликувачкиот фустан во интензивна кобалтно сина боја ќе изгледа прекрасно во секоја прилика и за секоја фигура. Благодарение на неговиот обликувачки материјал кој се собира околу стомакот, фустанот ќе направи твојата половина и градите да изгледаат фантастично. Неверојатна фигура и одлична боја во едно.

Имај беспрекорна есен и нека боите бидат со тебе!