Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Блескај за празниците!

За време на зимските празници ние сакаме да се чувствуваш убаво и да бидеш одлично расположена. Чистењето и готвењето е една работа, но да не заборавиме дека ние сме најважни од сѐ!

Како да го одржиш прекрасното расположение? Како да изгледаш фантастично?

1. Избери изглед за празниците

Дали готвиш специјални празнични јадења, ги чистиш прозорците, планираш декорирање на свечената трпеза, го комплетираш украсувањето на новогодишната елка и купуваш божикна ѕвезда? Тоа е прекрасно! Но дали се обиде да помислиш на себе во текот на ова предпразнично лудило? Кога оставаме сѐ во последен момент, нападите на паника се неизбежни. Застануваме пред гардероберот и мрмориме: “Немам што да облечам!” заедно со “Како да ги покријам темните кругови под очите?

Ајде да започнеме со облеката. Што би одговарало? Секако, бесмртната, гламурозна црна боја. Ако преферираш удобност, погледни го едноделниот костим кој е докажано практичен за многу прилики, или пак вечерниот фустан кој се носи на 5 начини можеш исто така да го облечеш за дочекот на Новата Година!

Ако твојата стилизација е скоро готова, но сепак нешто ти недостига, размисли за болеро од црна тантела. Ова дефинитивно е парче кое мора да го има во гардероберот на секоја гламурозна девојка оваа сезона. И не го оставај ова за во последен момент! Обезбеди си го овој подарок за себе порано сезонава.

2. Подготви додатоци за твојата Новогодишна стилизација!

Додатоците се финалето на секоја стилизација. Не ги избирај по случаен избор и во последен момент. Сребрените или златните додатоци се толку разновидни така што ако сеуште немаш такви, сега е вистинското време да ги искористиш во сите прилики кои бараат гламур и сјај.

Запомни колку е важно да не се претерува: не сакаш да се натпреваруваш со новогодишното дрво! На крајот, не ти треба многу: лента за коса со светкави камчиња, часовник, ѓердан или елегатна чанта дефинитивно се повеќе од доволни! 3. Блескај со шминка

Тешко е да се блеска без неа, дури и ако си вистинска убавица. За време на новогодишната треска, недостатокот од сон и подочниците многу лесно се појавуваат. Што можеме да советуваме освен да забавиш и подеднакво да ги поделиш набавките со сите учесници? Вечерната шминка се состои првенствено и најмногу од силни акценти на очите, трепките и усните. Користи го LUXE моливчето за очи и маскарата со прав од црни дијаманти и обој ги усните класичната црвена кремаста нијанса. Секако, започни со изедначување на тенот на кожата.

Ако планираш поопуштен дочек на Новата Година, само осветли го тенот и не претерувај со боите. Во вакви прилики, сјајот за усни и бисерите за лице се доволни. Само запомни дека кога се слави, шминката се “јаде” и избледува, па затоа е мудро да се земе козметика со себе за евентуални мали корекции.

Земи ја во предвид состојбата на твоите нокти. Nailwear pro+ лакот за нокти со сјаен, металик финиш, достапен во 12 нови нијанси одлично ќе се вклопи за празниците! Имаш голем избор!Како завршен чекор во твојот Новогодишен изглед, нанеси парфем. Само не претерувај – во затворен простор може да ги иритира почувствителните носови.

Среќна Нова Година и Божик!