Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Што треба да знаете за двојниот еликсир ANEW Ultimate Supreme

Сеуште си во дилема дали Anew Ultimate Supreme еликсир е вистинскиот избор за твојата кожа? Ги одговараме најчестите прашања за вас. Запознај го еликсирот подобро.

1. Дали има некоја возрасна граница за користење на двојниот еликсир за лице Anew Ultimate Supreme Elixir?

Двојниот еликсир ANEW Ultimate Supreme се препорачува за жени кои се во период од животот кога чувствуваат дека имаат потреба од производ кој ќе делува против напредните и забрзани знаци на стареење.

 

2. За кои типови на кожа е дизајниран овој еликсир?

Двојниот еликсир за лице ANEW Ultimate Supreme е соодветен за сите типови на кожа, како нормална, сува, масна или комбинирана кожа.

 

3. Зошто двојна формула?

Двојниот еликсир за лице ANEW Ultimate Supreme е развиен како двојна формула за да се справи истовремено и со внатрешните и со надворешните фактори за стареење. Како што старееме, обновата на клетките и процесите за прочистување се намалуваат. Серумот ANEW Ultimate Supreme содржи антиејџ активни состојки кои делуваат врз клетките за да ги обноват и да ги оживеат оштетените остарени клетки на кожата во помлади и повитални клетки. Слично на тоа, производството на маснотиите во кожата забавува со текот на годините, поради што употребата од обновливи и хидратантни производи е важен дел твојот третман за нега на кожа. Маслото ANEW Ultimate Supreme делува за да го постигне соодветниот баланс на маснотиите во најгорниот слој на кожата (strateum corneum). Овој соодветен баланс обезбедува силна бариера која ја задржува влагата.

 

4. Во однос на антиејџ делувањето врз мојата кожа. Дали може да кажеме дека овој производ е најефикасниот во испорачувањето на антиејџ ефект во споредба со сите останати Anew производи?

Сите Anew производи се развиени да бидат ефикасни и ефективни. Anew производите треба да се избираат врз основа на уникатните потреби на кожата на корисникот. На пример, двојниот еликсир е ефективен при справувањето со повеќектарните знаци на стареење додека пак, Anew Clinical производите се развиени за да се справат со специфични проблеми на кожата.

 

5. Дали може метафорично да ми го објасните делувањето на еликсирот врз кожата?

Тули и малтер.

Серумот содржи функционални состојки (Celluvive Complex) кој ги храни клетките на кожата (corneocyte), додека маслото го храни просторот помеѓу клетките со маснотии. Заедно, тие ја збогатуваат структурата на кожата (аналогија со тули и малтер) со хранливи состојки за да им помогнат на клетките на кожата да функционираат подмладено и вршат дополнување со маснотии во кожата кои исчезнуваат со текот на годините. Клетките се градежните тули на кожата, така што, во основа серумот ѝ помага на кожата да има поцврст градежен материјал (“тули”). Маслото функционира за да ги надомести природните маснотии на кожата, кои се клучна компонента на најгорниот слој на кожата (“малтер’”) и помага да се зајакне бариерата на кожата за задржување на влагата.

 

 

 

6. Кажете ми повеќе за антиејџ состојките кои ги има во еликсирот: на пример што е Celluvive комплекс? Дали екстрактот од црн бисер е добар за мојата кожа? Какво дејство имаат маслата врз мојата кожа? Дали формулата содржи злато?

Celluvive комплексот помага во обнова и ревитализирање на оштетените, остарени клетки на кожата да станат помлади и поактивни клетки. Екстрактот од црн бисер делува во внатрешноста на клетките за да ја зајакне заштитната бариера на кожата и нејзината хидратација. Исто така, двојниот еликсир за лице Anew Ultimate Supreme содржи скапоцени минерали, како што е златото.

 

 

7. Како да го вклучам Anew Ultimate Supreme еликсирот во мојот дневен третман на кожата? Може ли да го користам овој производ без употреба на крем за лице по него? Дали може да го комбинирам производот со луксузниот подмладувачки крем за лице Ultimate Supreme?

Препорачаното упатство за употреба е: нанесете дневно на чисто лице и врат. Истиснете малку од двојниот еликсир на дланките, измешајте го добро и втријте го во кожата со употреба на нежни, кружни и нагорни движења за да се впие.

 

 

Користете го самостојно или по него нанесете го омилениот ANEW хидрантен крем.

 

 

8. Дали двојниот еликсир Anew Ultimate Supreme е добар за мојата многу чувствителна кожа? Дали еликсирот содржи парабени?

Двојниот еликсир ANEW Ultimate Supreme не е соодветен за чувствителна кожа. Формулата не содржи парабени.

 

9. Бидејќи формулата содржи мешавина од повеќе масла во формулата, мојата загриженост е дека формулата е масна и че ми ги затне порите?

Двојниот еликсир ANEW Ultimate Supreme е формулиран и тестиран да биде немасен и не создава комедони и акни.