Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Споделувај со оние на кои им требаш

Купи подароци, го состави Новогодишното мени и ги покани гостите. Веројатно досега потроши многу повеќе од планираното, но на крајот, Новата година и Божик се еднаш во годината! За жал, има многу луѓе за кои ова време не е толку радосно и тие не можат да си ги дозволат работите кои другите не ги ни забележуваат. Па, ти можеш да ја направиш Нова Година и Божик уште подобри доколку споделуваш со другите.

Еве неколку идеи како да споделиш и им помогнеш на другите за време на празниците. Она што го даваме, ни се враќа назад.

Држи ги очите широко отворени

Помагањето на другите не бара голем напор. Не знаеш кому и како да помогнеш? Делувај спонтано и слушај го твоето срце! Можеби имаш осамена сосетка? Разговарај со неа, таа е толку добра личност. Однеси ѝ новогодишни колачиња и понуди се да ѝ помогнеш во китењето на новогодишната елка. Малите гестови многу ќе ѝ значат!Можеби некое сиромашно семејство живее во близина? Подготви новогодишен пакет за нив. Ангажирај ги децата да соберат играчки, купи производи кои може да им користат за време на празниците. Ако немаш храброст да се соочиш со нив, наслови го подарокот како да е од Дедо Мраз. Ќе се радуваат на него со сигурност!

Пронајди организации кои нудат помош

Придружи им се! Тоа е наједноставното решение. Можеби локалната црква организира прибирање на облека, или училиштето на твоите деца поддржува некакви хуманитарни иницијативи? Најди на пример, организација која дистрибуира храна или облека за помош на сиромашните. Доволно е да направиш поголема набавка на храна и да донираш дел од неа на ваквите институции. Исто така, можеш да учествуваш во т.н. посвојувања на далечина во сиромашните региони од светот. Некои црковни организации и манастири нудат таква помош. Со ваквиот начин на посвојување, ти времено го финансираш образованието на некое дете, избрано од страна на организацијата.

Провери дали на локалниот шелтер за животни му треба помош. Со сигурност, секој кој може да помине некое време со животните и да ги прошета ќе биде од корист.

Биди љубезна

Без оглед на избраната форма на помош, без оглед дали се ангажираш во голема активност или правиш мали гестови на добрина, секогаш биди љубезна со сите. Насмевката не чини ништо! Помогни ѝ на мајка со бебешка количка да ги спакува нејзините работи во продавница, пропушти возило во твојата коловозна лента, помогни ѝ на некоја повозрасна личност да ги измете лисјата од тротоарот. Ваквите гестови многу значат!

Грижи се за другите!

Помагањето и споделувањето со другите е еднакво на мали изненадувања за нив. Подготви колач за колегите од работа, подари букет цвеќе на пријателка, или подари му лижавче на детето на соседите. Собери малку енергија и ќе можеш да ги реализираш соништата!Навистина имаш многу опции; со сигурност ќе најдеш начин да ги направиш празниците уште подобри од обично. А она што е најважно е што овие идеи можеш да ги спроведуваш не само за време на празници!