Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Како да подарувате на пребирливи личности?

Дали секој празник си во дилема што да купиш за твојата роднина, или пријател кој подолго време не си го видела? Што најмногу сака твојата свекрва? Некои луѓе се тешки за да им се избере подарок.

Споделуваме неколку совети како да си ја олесниш оваа задача.

Не е важно дали некого добро го познаваш, или е тотален странец. Понекогаш е навистина тешка задача да се избере подарок за некого кого го познаваш многу добро, бидејќи сметаш дека тој веќе има сѐ. Би сакала да го изненадиш и да предизвикаш воодушевување, но дали е тоа мудар потег? Подароците не треба да бидат скапи или големи. Тие не треба да го засрамат примателот, или да поттикнат вина бидејќи тие не можат да возвратат соодветно. Ова не е натпревар во подарување, но исто така, не треба да се однесувате небрежно ниту пак да подарите нешто што лично вие би го скриле на дното од орманот! 

Како да подарувате?

Најдобриот пристап е да го следите своето срце. Она што вреди најмногу при подарувањето е пораката која треба да го придружува подарокот: “Се грижам за тебе, имам многу високо мислење за тебе”.

Подароците се пораки на комуникација! Тие треба да ги направат примателите да се чувствуваат добро: вие се грижите за нив и ги почитувате и едноставно сакате тие да бидат насмеани. Ако се работи за саканиот, подарокот едноставно значи “те сакам” или “ми се допаѓаш”. Дали тоа го прави подарувањето полесно?

Што и кому да подарите?

Што сака шефот? Можеби е љубител на Star Wars? Што велите за часовник со Star Wars дизајн и опаковка? Или можеби сака брзина? Глувчето во форма на авион може да го направи сурфањето поубаво.Ако твојата свекрва ужива во нејзината градина и се грижи за растенијата, таа би сакала мирис кој ќе ја пренесе директно во нејзината имагинарна градина! Кензо Такада дизајнираше нешто специјално за неа. Avon Life е мирис за сите кои ценат прекрасни детали. Твојот свекор може да добие машка верзија на Avon Life.

Еднаш годишно, ти споделуваш подароци со твоите пријателки од работа. Веќе си подарила домашни колачиња, смешни чорапи и книги. Оваа година, дај им на девојките малку бои! Никогаш нема да имаш премногу кармини, а новите нијанси се дефинитивно за уживање. Или можеби, пробај нешто специјално во оваа празнична сезона – златен или сребрен кармин.

Мајката на девојката на твојот син со која конечно ќе се запознаеш пред празниците заслужува специјален подарок, исто така. Не е важно што не се познавате! Сигурно би уживала во прекрасниот паричник со цветна шара со мала златна панделка? Секако! Особено ако ја спакувате во специјална украсна кутија.

Гледате колку е лесно? Оваа година, подарувањето ќе биде уште поубаво! Ви гарантираме!