Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Како да го креираш личниот имиџ со помош на мирисот?

Мирисот е особено важен елемент од твојот имиџ. Користи го мудро!

Парфемите кои избираш да ги носиш во определени прилики кажуваат многу за тебе. Провери колку свесно го креираш твојот имиџ со нивна употреба и кои мириси ги користиш за различни прилики.

Луѓето сакаат да поминуваат време со тебе и те перцепираат како уредна и соодветно средена кога мирисаш добро. Звучи очигледно, но ако често излетуваш од дома без било каков мирис на себе, или ако небрежно прскаш на себе штогоде – вистинско време е да научиш како да ги користиш парфемите со поголема свесност. Без оглед дали се работи за бизнис средба или за патување каде го делиш купето во воз, мирисите кои те опкружуваат те прават посакувано друштво за останатите. Искористи ја предноста на сите можности свесно да ги нагласиш сопствените предности со помош на мирисите.

1. Праќаш специфични пораки

Кога се подготвуваш за состанок, избираш привлечен фустан кој ќе го истакне она што сакаш да го покажеш и нанесуваш вечерна шминка со мачкасти очи и црвени усни како главни атрибути. Парфемот е обврзен – со слатки, топли, ориентални ноти. Ефектот? Твојот партнер нема да види само атрактивна жена, туку и ќе ја почувствува твојата женственост со сите негови сетила и доброволно ќе се препушти на оваа заводлива аура…

2. Полесно ти е да го освоиш светот!

Знаејќи дека мирисаш прекрасно дури и ако си под стрес или пак, интимно блиска со друга личност, тоа ти дава голема доза на самодоверба. Пред работен состанок или интервју, нанеси парфеми со овошно-цитрусни ноти. На овој начин ти го зајакнуваш имиџот на креативна, енергична и продуктивна личност. Секако, ниту еден мирис не може да го замени доброто CV и професионалните манири, но дефинитивно ќе влијае на потенцијалниот работодавец да создаде позитивно мислење за тебе!

3. Интригантна си и стануваш незаборавна

Како мирисот те прави незаборавна за луѓето? На пример, избери ориентални, овошни мириси со силни акценти на мошус за гламурозна забава. Твоите придружници ќе бидат неизбежно фасцинирани. Ако ги заинтригира со твојот мирис, тие ќе се присетуваат на тебе како на интригантна жена. Секогаш кога ќе почувствуваат сличен мирис, ќе помислат на тебе… тоа е навистина едноставен механизам!

4. Капка парфем те прави инстантно прекрасна!

Широките тренерки и таканаречените “домашни” верзии од себеси кои, нормално, ги чуваш за под ќебе не се добра идеја. Дури и ако го поминуваш поголемиот дел од денот дома, парфемот (и суптилната шминка) е најдобриот начин да направат да се чуствуваш привлечно. Нема потреба да се криеш; ти си прекрасна во секакви услови. Па дури и ако пријател од работа ненадејно те посети, нема да треба да објаснуваш дека тоа е твојот најлош ден – затоа што не е!

Ако си тазе мама, или пак, го менаџираш сопствениот бизнис зад бирото, не го оставај парфемот само за “големи прилики”. Секогаш имај при рака суптилен, овошен мирис кој одлично ќе делува во текот на денот. Тоа е енергетска бомба, исто така!

5. Секогаш со добро расположение

Ако си преплавена со лошо расположение, погрижи се за себе. Оттргни ги мислите од проблемите, прилагоди ја шминката и нанеси неколку капки од твојот омилен, класичен парфем. Ќе здогледаш прекрасна, добро негувана жена во огледалото и биди сигурна дека таа може дасе справи со сите препреки. Мирисите за силни жени, како што е Avon Alpha, функционираат извонредно. Ориентално-овошните ноти се сензуални, а сензуалноста е моќта на жената. Ја поседуваш во огромни количини!

Ускладениот мирис може да ги нагласи твоите предности во сите прилики. Дури и ако си сама дома, користи парфеми. Тие ќе те орасположат!