Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

9 причини да станеш AVON Претставник

Сакаш козметика. Сонуваш за професионална независност и сакаш да бидеш сама свој шеф. Сакаш да имаш флексибилно работно време, или да имаш дополнителна заработка. Бараш некоја супер идеја за себе. Додека тоа се случи, ние имаме идеја за тебе!

Предностите да се биде AVON Претставник одат многу подалеку. Откриј некои од нив и придружи се на тимот за да добиеш работа за која сонуваше!

1. Имаш пристап до козметика по пониски цени

Како AVON Претставник имаш можност да си набавиш козметика со попусти до 40 %. Тоа е навистина многу! Не само што заработуваш пари со продажба на производи на твоите клиенти, туку исто така, трошиш многу помалку за сите производи за себе и твоите сакани.Придружи се на AVON денес! Види како како да станеш Претставник.

2. Можеш да заработиш пари

Заработуваш за себе и преку тоа, стекнуваш финансиска независност и можност да ги реализираш сопствените соништа. Без оглед на тоа дали твојата плата ќе придонесе на домашниот буџет или ќе ја потрошиш на лични задоволства, ќе ја штедиш за студии или ќе ја подариш на саканите, заработувањето пари го охрабрува секого од нас и дава огромна сатисфакција!

3. Работиш како што сакаш

Ти си свој шеф и менаџер во исто време. Договараш состаноци со клиентите кога тебе ти одговара и слободно ја компонираш работата во склоп на животот. Ако студираш, може да ги снабдуваш со козметика твоите колеги на факултет. Ако си млада мајка – со сигурност можеш да најдеш клиенти меѓу соседите и другите мајки кои живеат во околината. Работата со AVON може да биде твој главен или дополнителен извор на пари. А ако сметаш дека работата е фасцинантна и сакаш да вложиш дополнителен труд и енергија во неа – патот кон лична промоција лежи отворен пред тебе!

4. Имаш повеќе можности да се грижиш за себе

Како Претставник, добиваш мостри од производи, демо производи на козметика (со месечна предност) и пониски цени за артиклите. Ова ти овозможува пристап до широката палета на производи за нега и шминка, како и парфеми, облека, аксесоари и предмети за домашна употреба. Може да користиш производи од обемен спректар на понуда, која вклучува луксузни производи кои во друг случај не би можела да си ги дозволиш. Како резултат на тоа, ти си елегантна, негувана и едноставно убава!Дополнително, имаш пристап до производи за твоите сакани, бидејќи AVON нуди производи за жени од сите возрасти, но и за мажи и деца.

5. Нема веќе проблеми со набавка на подароци

Ова е одлична предност во работењето како Претставник – водиш сметка за тековните попусти и најпривлечните понуди од следните брошури. Можеш да порачаш произвои кога нивната цена е најатрактивна, така што секогаш имаш доволно корисна козметика дома. Дополнително, можеш да набавиш производи за важни настани однапред, како на пример прослави со твоите сакани, затоа пред Нова Година, Божик, роденден на пријателка, или именден на свекрвата нема потреба панично да трчаш по шопинг центрите. Оваа можност звучи навистина примамливо!

6. Во тек си со трендовите

Ако поседуваш вроден интерес за козметика, ги следиш најновите трендови во шминката и модата, сакаш да мирисаш одлично и си свесна колку е важна правилната нега за самата кожа, тогаш соврешено ќе се пронајдеш себеси во улога на Претставник. Зборувањето за AVON производите ќе те направи радосна, додека ангажманот во последувателни кампањи ќе те држи информирана за сите новитети во светот на модата и убавината.

7. Соодветна форма на шопинг

Производите од тековните кампањи – наменети за клиентите, но и за себе – може лесно да се порачаат преку страницата на AVON Македонија. Можеш да избереш удобна достава до дома или да ги подигнеш порачаните производи во некој од сервисните пунктови за подигање на порачките во близина на твоето живеалиште. Добиваш 20 денови за одложено плаќање за порачката, што ти дозволува да почекаш додека твоите клиенти ти платат за порачаните производи. Квалитетот на производите е гарантиран, исто како и транспарентната политика за враќање на производот во случај да се предомислиш или пак ако некој ја откажал својата порачка. Ти си заштитена!

8. Учиш како да продаваш

Ако единствената работа која те спречува да му се придружиш на AVON е недостатокот на искуство во продажба – не грижи се. Доволно е да сакаш да почнеш, а ние ќе те научиме на останатото! На почетокот, луѓето во твоја близина стануваат твоите први клиенти – пријатели, соседи, фамилија. Постепено, по пат на препораки, таа мрежа ќе се прошири. Покрај тоа, за време на тренинзите организирани од AVON ти ќе ги научиш правилата на продажбата, техниките на разговор со клиентите, фазите на одлучување и многу други начини за да станеш ефективна во она што го правиш. Чекор по чекор, ти ќе станеш професионалец!

9. Развиваш важни вештини

Ако си срамежлива, имаш потешкотии во управувањето со стресот и често имаш недостаток на асертивност – работата како AVON Претставник е прекрасен начин да се надминат тие слаби точки. Во секоја фаза од твојата работа ти ќе ја имаш нашата поддршка, совети и интересни тренинзи кои ќе ти помогнат да ја контролираш нервозата, да се смириш, да се охрабриш во контактите со клиентите и дури и да се усовршиш во јавните настапи. Сето тоа се случува постепено и во сигурна атмосфера. Многу AVON Претставници со текот на времето се искачиле погоре на корпоративната скала и денес тие се сигурни, исполнети жени кои носталгично се присетуваат на срамежливите повлечени личности какви некогаш биле. Асертивноста, способноста лесно да ги оформиш мислите и преговарачките вештини се ненадоместливи во сите сфери на животот – и на професионално и на лично ниво. Ова е одлична лична инвестиција!