Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Лежерното е убаво. Како да го маѓепсате домот во зима и за празниците?

Во зима, поговорката “мојот дом е мојот замок” добива нови димензии. Кој не сака да ужива стуткан под топлото ќебе и да ги посматра снегулките како танцуваат надвор на студениот ветер? Како да ги направите вашите четири ѕидови уште поудобни и попрекрасни? Еве неколку идеи за рестилизирање на зимскиот дизајн на домашниот ентериер!

Не можеш да го контролираш времето, но секако дека можеш да влијаеш на атмосферата и температурата на твојот домашен ентериер!

Зимување – само под светлината на свеќите!

Дали знаеше дека во скандинавските домаќинства, од есен па до пролет често се палат свеќи? Ова е одлична идеја, бидејќи сите сме гладни за светлина. Особено кога зимата е долга, а деновите во декември се многу кратки. Светлината од свеќите придонесува во да се опуштиме и релаксираме, а истовремено драматично ја менува атмосферата внатре. Не веруваш? Пробај!

Ако имаш мали деца и се плашиш дека свеќата што гори може може да предизвика опасност, тогаш користи електрични светилки или други извори на светлина. На пример божикно дрво кое ги менува боите ќе биде соодветно? Божикните светилки со ЛЕД диоди се исто така одлична идеја; тие се безбедни и импресивни: лесно може да креираш божикна декорација само со додавање на гранче од елка со испреплетена имела.

Сѐ што ти треба се украсни ленти и да се постави на видливо место! Ќе изгледа прекрасно.

Нека биде топло!

Ако често ти студи, тогаш набави го супер мекото двострано ќебе. Можеш да се обвиткаш со него и да читаш книга, гледаш телевизија, разговараш и да се топлиш во домашната удобна атмосфера! Исто така, може да дремеш навалена на меката перница!

Влечките се исто така незаменливи во зима, особено оние удобните кои ги одмораат стапалата. Носи ги ако не сакаш да ти студи! Стапалата се особено подложни на ладење, а студените стапала водат до растечени носеви! Покрај тоа, зарем не се слатки?

Нека топлината на домот владее и во твојата кујна. Топол чај, кафе со цимет, или топли колачиња направени во специјалната тава се одлични идеи за навечер! Повикај ги и децата да играат заедно со тебе - ќе бидат пресреќни!

Нека биде удобно!

Зимските вечери дома се најдобри кога веќе се ослободиш од работната облека, ќе направиш топла купка и ќе се нурнеш во пријатни активности! Само биди пријатно опуштена, што не значи дека треба да изгледаш запуштено!

Во домашната зона на комфорот може да користиш широка блуза, хеланки или поларен футан со божикни шари. Уживајте во удобната облека и опкружете се со прекрасни мириси, бидејќи парфемите совршено се вклопуваат во таквите стилизации!

Не ги заборавај и пижамите! Треба да се чувствуваш удобно додека ги носиш. Зимските соништа во боја дефинитивно помагаат добро да се одмориш! Деликатните лесни ноќници може да чекаат потопли времиња! Кадифениот текстил може да биде секси, исто така!

Нека мириса прекрасно!

Нека мириса на празници, зима и сѐ што потсетува на Божик. Ако бараш комплетно природни ароми, боцни каранфилче во портокал и закачи го во кујната или спалната соба. Дифузерот со сезонски мирис е одлична идеја исто така, а во бањата користи пена за бањање со мириси од ванила и карамелизирани јаболка!

Ќе се вљубиш во оваа атмосфера! Секако, само додека да дојде пролетта!