Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Сѐ што треба да знаеш за црвениот кармин

Како да носиш црвен кармин?

Жените може да се поделат во три категории: оние кои сакаат црвен кармин, оние кои го мразат и оние кои не знаат како да го носат. Црвената боја е специфична. Ако се користи погрешно може да ги истакне сите несовршености.

Вреди да се научи како да се користи, бидејќи ефектот на сензуални, црвени усни е незаменлив.

Кој треба да носи црвен кармин?

Мислиш дека не ти прилега? Погрешно. Црвената им прилега на сите жени: блондинки, бринети, синооки, исончани или оние со порцеланска кожа. Тоа е многу женствена и прекрасна боја, но исто како што ги избираме фустаните во склад со силуетата, големината и приликата, не сите црвени кармини одговараат за секого. Важно е како се исцртуваат усните, која нијанса се користи и каква е приликата за која сакаш да се разубавиш носејќи црвен кармин. Исто така, особено важно е како се вклопува со останатата шминка. Ако претераш со боите и не ги нагласиш само усните, туку и многу други елементи на лицето, може да изгледаш смешно.

Како да ја ускладиш нијансата на црвениот кармин?

Црвената боја варира! Постојат кармин нијанси, розови нијанси, есенски ноти со нијанси на портокал, весели со допир од виолетово и многу други. Што да се избере? Зависи!

-  Ако твојот тен е блед, избери постудени нијанси. -  Ако имаш маслинест или исончан тен, црвена коса или пеги, најдобро ќе изгледаш со топли црвени и портокалови нијанси. Но тука постои стапица – колку нијансата на карминот е попортокалова, толку побели треба да бидат забите. -  Интензивните портокалови ги прават забите пожолти отколку што тие вистински се. -  Постудените црвени нијанси со впечатливо сини погменти оптички ги избелуваат забите.

Како да нанесеш црвен кармин?

Ако си комплетно неискусна и се плашиш дали правилно ќе го нанесеш карминот, користи ги врвовите на прстите. На овој начин ќе бидеш попрецизна, a а резултатот е посуптилен, поурбан, соодветен за прошетка, средба со пријатели или работен ручек. Ако веќе имаш искуство со шминката, не плаши се да употребиш молив за усни за да го корегираш обликот на усните и подобро да ја нагласиш нивната природна убавина. Ако долготрајноста на карминот е особено важна за тебе, по првата апликација отстрани го првиот слој со хартиено марамче, потоа напудри ги усните и на крајот нанеси го следниот слој кармин.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: овој трик функционира само ако твоите усни се добро хидрирани. Ако тие се испукани, процесот дополнително ќе ги исуши. Ако твоите усни се испукани и ако забележиш дека ја губат еластичноста, избери кремасти кармини и моливи за усни, бидејќи покрај боењето, тие обезбедуваат хидратација и нега.

Како да го вклопиш остатокот шминката со црвениот кармин?

Кога ќе го избереш црвениот кармин, запомни дека остатокот од шминката треба да биде во тон. Твоите усни треба да бидат главниот фокус на внимание. Најчестите грешки во шминкањето е напливот од силни акценти: ако ги избереш усните, биди суптилна со шминката на очите и контурирањето, бидејќи многу е лесно да се претера.

Како безбедно да носиш црвен кармин? Пожелно е, со сјајна кожа и минимална шминка на очите. Ако се подготвуваш за состанок, пробај класични задимени очи и нанеси добра маскара, но остави усните да заведуваат. Овој метод е навистина импресивен!

Дали знаеше дека...?

Карминот може да ги неутрализира темните кругови под очите! Нанеси го под коректорот и пудрата, a потоа консолидирај ја шминката со завршна пудра во прав! Секако, не секогаш крваво-црвениот кармин и најдобриот избор за овој трик, освен ако тенот е навистина темен – во таквиот случај силната црвена може да биде од голема помош во тонирањето на бојата на кожата. Ако твојот тен е посветол, а темните подочници се со нијанса на маслинка и бронза – со други зборови, твојата кожа е сива и уморна – користи кармин со розови или нијанси на праска или лосос. Ако твоите подочници се сивесто сини или виолетови, избери нијанси на праска или кајсија. Карминот дополнително ја хидрира кожата!