Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

5 дена до Новогодишната ноќ? Еве што треба да направиш!

Понекогаш, Новата година и Божик доаѓаат коаг имаш најмалку време за тоа! Преморена од работа, ти дури и не забележа дека ти остануваат уште 5 дена до Новгодишната ноќ! Еве што ти е потребно да имаш прекрасна новогодишна вечер. Дури и ако тукушто почнуваш со подготовките!

Ова не е само време да се стремиме кон совршенство. Направи го само она што е потребно и не се грижи за останатото. Користи готови производи  – не треба да правиш сѐ од почеток, а тоа навистина ќе ти биде од корист.

1. Кога сеуште не ти се подготвени подароците

Пет дена пред Новата година откажи се од сите примамливи и модерни работи кои доаѓаат од другата страна на светот – едноставно нема никаква шанса тие да ти бидат испорачани на време. Направи листа на незаменливи предмети; направи листа на сите оние на кои планираш нето да им подариш. Исто така, направи листа на намирници и резервирај 5-6 часа за посета на големиот шопинг центар во близина. Обиди се да избереш место каде можеш да купиш што повеќе производи истовремено. Ако се движиш низ град, ќе изгубиш време во сообраќајот. Појди колку е можно порано и паркирај што поблизу до влезот, доколку е тоа можно!

2. Предновогодишно чистење – мини - верзија

Фокусирај се на работите кои ти се рутина. Заборави на бришењето на прозорците или на детално чистење на гаражата. Навистина, сега не е време за тоа. Ќе одвоиш време за тоа по празниците. Купи новогодишна елка и декорирај ја исклучително – на овој начин, твоите гости нема да ги забележат малите несовршености во домаќинството! Декорирај го и ентериерот. Сокриј ги во орманот големите купишта облека за пеглање кои немаш време да ги средиш! Чистењето и декорирањето треба да ти одземе околу 5 часа. Тоа може да биде и побрзо ако ги вклучиш и останатите во оваа активност!

3. Новогодишна трпеза и менѝ – биди мудра во кујната!

Во кујната, копирај ги мајсторите на брзото готвење. Најџела Лосон и Џејми Оливер имаат многу идеи како да ја поедноставиш работата. Избери веќе испробани менија, нешто што веќе си го направила претходно. Откажи се од експериментирање и покани го партнерот и децата да ти помогнат. Јадењата подготвени заедно се највкусни. Твоите гости ќе ги обожуваат, исто така! За подготовка на вечера за 6-8 луѓе, одвој 3-4 часа. Најпрво, маринирај го месото, а додека тоа се подготвува, спреми десерт, мезе и додатни јадења. Испланирај ја работата во кујната за да биде најсоодветна за тебе!

4. Направи нешто за останатите!

Не заборавај на Новогодишните желби и јави им се на луѓето кои не можеш да ги посетиш. Подготви новогодишни честитки за соседите; помогни ѝ на постарата дама која живее во близина со транспорт на нејзините купени намирници. Ваквите мали гестови не бараат многу време, а сепак тие исполнуваат со енергија и те охрабруваат да го завршиш и остатокот од твоите подготовки!

5. Направи нешто за себе!

Опуштена и насмеана, ти ќе можеш да се соочиш со забава дури и со 50 поканети луѓе! Дури и ако не биде толку екстремно голема забава, најди барем малку време за себе. Започни со кратка дремка, проследена со ароматска бања и СПА третман. Пронајди време за тивка депилација, маникир, педикир и маска за лице. На крајот, Новата Година е и за тебе! Нанеси беспрекорна шминка и избери ја облеката. Дури и ако до неодамна се бореше со страшен недостаток на време, сѐ ќе биде во најдобар ред, бидејќи ти си добро одморена и во одлично расположение.

А сега, вдиши – издиши. Празниците може да почнат!