Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Luxe бутик – запознај ги новите мириси!

Колекцијата на LUXE козметиката е збогатена со два нови мириси. Гламурозните и нагласени Premiere Luxe парфеми се базирани на ориентални, дрвени ноти, како и на т.н. течно злато, кое е едно од најскапите масла во светот. Како тие мирисаат?

Линијата на декоративна козметика LUXE е создадена за жени кои ја ценат класичната елеганција и високиот квалитет. Сега, линијата е проширена со парфеми во две мирисни верзии – Premiere Luxe и Premiere Luxe OUD, обата во машка и женска варијанта. Дозволете ни да ви ги претставиме новитетите!

Premiere Luxe – сензуалност и гламур

“Го создадов овој мирис врз основа на три скапоцени, егзотични цвеќиња кои пленат со совите женствени, сензуални и гламурозни квалитети” – еве како Винсент Шалер, креаторот на парфемот Premiere Luxe за Неа, го опиша производот. Тоа е цветен, многу женствен мирис со луксузни ноти на сандалово дрво. Оваа сензуална, експресивна, високо заводлива арома е совршена за романтични вечери или гламурозни седенки. Спакуван во импресивно шишенце направено од дебело стакло и метал, тој е идеален подарок за жена која е гламурозна и заводлива и не се плаши од впечатлив накит и нагласена шминка.

Premiere Luxe исто така вклучува мирис за Него. Силната, нагласена арома е добиена со заводливите ноти на ливчињата од патчули. Нотите кои следат се оние на ветиверот – свежи, уникатни и многу мажествени. Композицијата е комплетирана со гајак дрвото, кое го збогатува мирисот со интригантна арома. Овој парфем е креиран за силни мажи со харизма, став и доза на екстравагантност. Едно е сигурно – овој мирис се памети и остава силен впечаток!

Luxe OUD – течно злато

Luxe OUD мирисната линија е базирана на таканареченото “течно злато”, или Оуд масло, кое е смола од агарово дрво. Оваа тешко достапна луксузна состојка се користи при создавање на само неколку избрани мирисни ноти ширум светот.

Женската варијанта припаѓа на категоријата на ориентално-цветни-дрвни мириси. Мирисот е составен од лесни, овошни ноти на мандарина, посилна женствена арома на дамаск роза и луксузни, богати акценти на оуд маслото. Мирисот е многу гламурозен, сензуален и заводлив, соодветен за жени кои се свесни за нивниот шарм и ценат луксуз.

Линијата е комплетирана со машки мирис. Покрај ориенталната арома на смолата од агарово дрво, може да се препознаат и ноти на црн бибер и смолести акценти на гајак дрвото. Како резултат на тоа, добиваме композиција со благороден, а сепак смел мирис кој е многу импресивен и впечатлив.