Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

5 начини да изгледаш како што се чувствуваш - млада!

Како секогаш да се чувствуваш млада?Вечната младост, се разбира, е мит и како што старееме, сѐ повеќе тоа го сфаќаме. Не можеме да бидеме млади засекогаш, но може да се чувствуваме и да изгледаме добро. А тоа е поентата!

Дали постојано треба да се бориме со времето, или да ги прифатиме предизвиците на стареењето? Всушност, може да ги комбинираме овие два пристапи, особено затоа што младоста е состојба на умот. 

1. Грижи се за убавината на твојот ум

Твојот ум останува секси без оглед дали полниш 40, 60, или дури 80! Луѓето кои се чувствуваат млади, изгледаат подобро и привлекуваат интересни луѓе. Клучот на нивниот успех е отворен ум. Што значи тоа? Не давај општи изјави, не се плаши од промени, не суди и не се препуштај на изветвени шеми.

Постојано вежбај го умот! Мит е дека невронските врски изумираат со текот на возраста и дека ние постепено стануваме помалку интелектуално прецизни. Ако го користиме нашиот мозок и ја спречиме неговата стагнација и инертност, тој ќе ни служи уште долго, долго време. Учи јазици, читај, претплати се на курсеви, или научи нешто сосем ново! Тоа ќе ѝ служи на твојата убавина, исто така!

2.    Цени се себеси

Дали се стремиш за послабо и поообло тело во текот на целиот живот? Па, никој не е совршен и често ние не сме среќни со она што ни го подарила мајката природа. Зрелото доба е време кога ние сме во можност конечно да се засакаме себеси и да го цениме она што го имаме.

Направи листа на твоите предности: дефиниран струк на кој твоите пријателки му се воодушевуваат, долги нозе, атрактивно деколте, добра смисла за хумор, прекрасна насмевка. На овој начин е полесно да се искористат и нагласат нашите добри страни, а истовремено да се заборави на недостатоците.

Дури и Синди Крафорд не изгледа како Синди кога ќе стане од спиење. Вистинско време е да престанеш да се жалиш за себе и да започнеш да уживаш во она што го имаш.

3.    Внимавај на фитнес режимот

Виткото, затегнато тело е младешки атрибут кој може да се одржува во било која возраст. Не зборуваме за трчање маратони или качување по карпи. Доволно е ако ја контролираш физичката страна и успеваш да досегнеш по она што ти треба. Хипократ рекол дека физичките вежби може да ги заменат сите лекови, но ниту еден лек не може да ги замени физичките вежби. Затоа, движи го телото за да старееш побавно и да се чувствуваш подобро. Трчај, тацувај, пливај, применувај нордиско одење или јога. Многу брзо ќе ја забележиш разликата!

4.    Грижи се за твоето лице

Уште кога си на возраст од 25-30 години, твојата кожа ја губи способноста инстантно да се регенерира, a веќе по 40-тата година тие процеси стануваат видливи. Лицето ги губи острите рабови; твоите атрибути стареат, а брчките се подлабоки. Како да се справиш со тоа? Она што ти треба е внимателно одбрана нега. Ако сеуште си во потрага по идеалниот крем за лице, обврзно пробај го луксузниот еликсир за лице Anew Ultimate Supreme со двојна функција. Кога ќе го нанесеш еликсирот, сети се на масажата на лице – таа е една од најдобрите методи на превенција од стареење и е целосно бесплатна!

Не знаеш како се прави тоа? Нанеси Anew Ultimate Supreme еликсир на врвовите на прстите и погледни го нашиот видео водич:

https://youtu.be/LPtT_TSH8qc

5. Не се откажувај од љубовта

Љубовта е таа која прави да се чувствуваме и изгледаме млади, независно од возраста! Дали мислиш дека вљубувањето е само за помладите луѓе? Погрешно! Можеме да се вљубиме на секоја возраст било да е во прашање нов партнер, или оној со кој сме живееле заедно половина век!

Истражувањата покажуваат дека исто така, нашиот сексуален живот може да процвета на постара возраст. Според податоците, дамите над 50 години се најзадоволни од нивниот интимен живот! Дали ова е слично со твојот случај? Не се повлекувај! Животот е сеуште пред тебе!