Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

Совети за нега на кожа по сончањето

Убавиот тен е доказ за добро поминат летен одмор. Сепак, часовите сочање влијаат на твојата кожа, правејќи ја почувствителна и подложна на иритации. За среќа, постојат многу начини со кои можеме да ѝ помогнеме да кожата да се релаксира и регенерира. Погледни ги!

Прва помош

Кога кожата станува чувствителна и почнува да те чеша веднаш штом ќе се облечеш, тоа е знак дека набргу ќе почне да се лупи. Но, не чекај тоа да се случи. Веднаш по плажа освежи се под туш за комплетно да го измиеш песокот, кремот за сончање и прашината. Употребувај гел или крем-гел за туширање збогатен со хидрирачки и смирувачки состојки како зелен чај, јојоба или екстракти од шеа путер. Чистата кожа побргу ќе ги впие виталните состојки од хидрирачките и регенерирачките лосиони. За брзо освежување по сончањето, исто така можеш да се напрскаш и со спреј.

Разлади ја кожата

Кога кожата чеша и е премногу сува, употребувај козметички производи кои имаат лесен состав. Пантенол, алое и витамини се состојките кои придонесуваат за брзо олеснување по сончањето, така што доколку ги видиш на пакувањето на производот тоа е добар знак. Лесна формула со овие состојки во крем или гел веднаш ја разладува кожата, а истовремено и ја потхранува и хидрира без да остави масен слој, помагајќи во продолжување на тенот. Практична спреј формула ќе ти овозможи брзо да ја смириш целата кожа.

Погледни го сонцето

Лицето е ден од најизложените делови на сонце и затоа за него треба да се води посебна нега. По ден поминат на плажа, нанеси хидрантен крем или маска на твоето лице. Состојки како кокос, шеа путер, или пак екстракти од маслиново масло бргу ќе ја подобрат состојбата на лицето, правејќи го мазно, смирено и меко на допир. Секогаш треба да запомниш да нанесуваш крем за сончање кој соджи заштитен фактор.

Спас за косата

Косата на лето станува сува, груба на допир и оштетена поради прекумерното изложување на сонце, ветер и солена вода. За да го задржиш нејзиниот прекрасен изглед, на косата ѝ е потребна ревитализација. Еден од најпрактичните начини да го сториш тоа е да употребуваш интензивен серум кој не се плакне, на пример кој содржи кератин и кој може директно да се нанесе на сува коса, подобрувајќи ја нејзината структура и правејќи ја појака. За длабока регенерација на косата, нанеси маска за коса со екстракти од хидрирачкото асаи палмино масло, или пак од маслиново масло. Нанеси ја маската рамномерно на целата коса и држи ја во крпа околу 10-15 минути, со цел да овозможиш целосно впивање на хранливите состојки. Маската ќе ти помогне да ја смириш косата, правејќи ја хидрирана, потхранета и лесна за отплеткување.

Домашни третмани

Исто така можеш да се обидеш и со традиционалните начини на третирање на кожата изгорена од сонце. Најпопуларните се студени слоеви од кефир, кисело млеко или јогурт. Прехранбените производи помагаат во смирување на кожата со висока температура и се нејзини одлични хидрирачи. Кога се студени, овозможуваат моментално олеснување. Свежото млеко може да се употребува и како состојка во регенерирачка бања. Едноставно истури 2 литри млеко во кадата со млака вода, додади 2 лажици маслиново масло и 2 лаживи мед. Задржи се во водата приближно 15 минути. По ваквото капење нема потреба да го плакнеш телото. Само нежно исуши го со тапкање со мека крпа. Твојата кожа ќе биде мазна, мека, хидрирана и деликатно намирисана. Исто така можеш да помешаш и краставица и лимонов сок со минерална вода во шишенце за прскање и ќе добиеш освежувачки спреј за тело.

Лосион за тело со зелен чај и врбинка

Спреј за тело со зелен чај и врбинка

Гел за туширање со зелен чај и врбинка

Леден гел со алое за после сончање

Разладувачки лосион-спреј за после сочање со витамин Ц

Ублажувачки путер за после сончање

Потхранувачка маска за лице со африкански шеа путер

Хидрантна маска за лице Amazonian Treasures

Хидрантна маска за лице со медитеранско маслиново масло

Хидрантна маска за коса со медитеранско маслиново масло

Хидрантно масло за коса