Македонија
    |         |         |    
BSP_TTA

10 години Today Tomorrow Always

Најпрославуваната линија мириси на AVON ја одбележува својата 10-годишнина. Цела декада од убави мириси, неверојатни жени и одлични пораки. Да го погледнеме наназад парфимираното минато од Today, Tomorrow, Always… 

Today

Во 2004 “Today” ја започна исконската трилогија на мирисите на AVON. Заштитно лице на рекламната кампања на "Today" во тоа време беше Селма Хаек, која во исто време многу активно го поддржуваше AVON во борбата против семејното насилство. Парфемот ги освои срцата на жените ширум светот и во 2005 година ја доби престижната FiFi награда за најдобар парфем на годината.

Композицијата на “Today” беше навистина уникатна во тоа време, а за таква се смета и денес. Содржи егзотични тропски цветни освежителни ноти на фрезија и хибискус, додека нотата од бел бибер додава малку драма во мелодијата. Основните ноти вклучуваат сандалово дрво, кедрово дрво и кадифен мошус со нишка на вода од роза.

Tomorrow

Вториот парфем во трилогијата Today Tomorrow Always беше “Tomorrow” кој се лансираше во 2005. Мирисот го разубавуваат сензуални и ориентални ноти со одредена длабочина. Врвните ноти во исто време се и нежни и слатки; со жива малина и лушпа од праска. Ориенталните ноти од бибер и пачули додаваат допир на интригантност во неговиот богат почеток. Срцевината е елегантна, слатка и цветна и вклучува ноти од индиски јасмин, африканска темјанушка и цвет од портокал. Основата е сензуална и богата, компонирана од сандалово дрво, килибар, мошус и дрво од роза.

Always

Истата година се приклучи и “Always” кој ја комплетираше трилогијата. Богатиот жив мирис од тропски овошки и долготрајни цветови вибрира во ритамот на љубовта и смеата и ја прославува вечната љубов кон жената. Егзотичните тропски овошни ноти од ѕвездено овошје и киви, помешани со чај од бел бисерен јасмин, даваат освежителен вовед во врвните ноти. Срцевината совршено се меша со сончева лилија и жолто лале, додека пак меките, но долготрајни основни ноти се сочинети од бамбус во комбинација со кремав памучен мошус.

Нови членови на семејството

Поради успехот на трилогијата се појавија и следбеници. Во 2006 семејството мириси на AVON се прошири со Today Tomorrow Always In Bloom, создаден од генијалниот парфимерист Firmenich, чие огромно портфолио вклучува композиции за Гучи, Вера Ванг и Версаче. Тој создаде опојна мешавина од цвет од портокал, индиски јасмин и стрелиција со ноти од свеж црвен грејпфрут и сончева лилија. Низ годините Today, Tomorrow, Always имаа многу дополнителни изданија како: Diamond, Heart, In Love и Romantic Voyage, како и свои машки верзии.

Оливија Forever

Пролетта 2012 го донесе новиот мирис “Forever” кој го замени “Always” во портфолиото. “Forever” пристигна во романтично розово шишенце во идентична форма како верзијата “Always” од 2005. Неговата категорија е цветна, обвиена со интензивни зачини кои даваат страствена мешавина со розов бибер. Нотите продолжуваат со светли и слатки ноти од цвет од портокал кој силно се чувствува во срцевината на композицијата.

Второто изненадување за обожавателите на Today Tomorrow Always беше ново заштитно лице. Оливија Вајлд, популарната американска актерка позната по многу хит филмови, како и хит серијата “House”. Оливија е исто така заштитно лице и за новите продолженија од колекцијата на Today Tomorrow Always: лесниот и романтичен Today Tomorrow Always Amour и исклучителниот Today Tomorrow Always Together.

Годишнина

10-годишнината од прекрасната мирисна декада е обележана со еден многу чувствителен момент: големото враќање на “Always” во портфолиото на AVON. Оние кои се сеќаваат на овој прекрасен мирис сигурно ќе станат сентиментални, а оние пак кои сè уште не го запознале, дефинитивно ќе го пробаат и ќе ја започнат новата декада од Today Tomorrow Always со одличен стил.