Македонија
    |         |         |    
BSP_lip_care

Маски за лице со семиња - направи сама

Не е тајна дека семето и овошјето се многу здрави благодарение на нивниот висок степан на хранливост. Затоа треба да се додаваат во редовните оброци. Покрај употреба на овошје во исхраната и додавање на разни семиња во оброците, исто така корисно е и кожата директно да се храни со семе. А најбрз и наједноставен начин тоа да го направиш дома е да подготвиш маска за лице. 

Постои голем избор на семиња за маски за лице. Тие може да се подготвуваат само од овошје и семе, а секое од нив може да се измеша со јогурт, мед, растително масло. Пред подготвување на маската, треба да знаеш какви резултати сакаш да постигнеш, односно дали сакаш да го подобриш сјајот на кожата, хидратацијата, да ја смириш иритираната кожа или да добиеш поцврста кожа, да ги израмниш брчките или дали да ја ексфолираш кожата. Штом ќе го одлучиш ова, време е да ги одбереш вистинските состојки.  

Еве неколку рецепти за здрави, природни, маски кои можеш да ги подготвиш дома.

Хидратантна маска за лице од калинка – за секој тип на кожа

Измешај една калинка со две лажици мед или природен јогурт. Нанеси ја маската на лицето и вратот и остави да делува 20 минути. Потоа исплакни ја темелно со млака вода.

Маска за ревитализација на лице со чиа семе – за секој тип на кожа

Во мал сад една супена лажица чиа семе прелиј ја со 2 супени лажици вода. Оставие да отстои 30 минути, полека мешајќи ја смесата на секои 10 минути. По 30 минути, откако смесата ќе добие гел структура, додади 2 супени лажици мед и една супена лажица маслиново масло. Помешај сè заедно, нанеси ја смесата на лицето и остави да делува 10 минути. Исплакни со млака вода. Истата оваа смеса покрај како маска за лице, претставува и одличен пилинг за кожата.

Маска за регенерација и подобрување на еластичноста на лицето со сончогледово семе – за сува кожа

10 излупени сончогледови семки измели ги во мелница за ситно мелење. Додади 2 лажици слатка павлака и 1 лажица маслиново масло. Измешај ги сите состојки и нанеси ја маската на лицето и остави да делува околу 20 минути. Потоа исплакни ја.

Маска за зацврстување и коригирање на брчките на лицето од јаболко и ленено семе – за зрела кожа

Земи 2 лажици мелено ленено семе и додади ¼ чаша топла вода. Остави да се олади околу 15 минути. Потоа додади уште вода за да може маската рамномерно да се нанесе на кожата. Изрендај мало јаболко и измешај со желето од ленено семе. Смесата е подготвена. Нанеси ја на лицето и исплакни по околу 15 минути. 

Секако дека маската за лице не може целосно да го замени секојдневниот режим на нега на кожата, вклучено и специјалните креми, но сепак тие се одличен дополнителен третман кој ги подобрува посакуваните резултати. Затоа, по нанесување на било каков тип маска на лицето, дури и маска за длабоко потхранување на кожата, не заборавај потоа да го нанесеш кремот кој го користиш во твојот секојдневен режим.