Македонија
    |         |         |    
BSP_Sharapova

Pur Blanca семејството на мириси

Мирисот Pur Blanca е присутен во AVON повеќе од 10 години, прераснувајќи од својата најосновна форма во пософистицирани нијанси, но сепак задржувајќи ја својата уникатна едноставност. Запознај ги сите од близу и одбери го оној кој ја изразува твојата личност.

Pur Blanca – едноставно Ти!

Првата Pur Blanca тоалетна вода е израз на класичниот стил и едноставност. Мирисот заробен во тенко, бело транспарентно шишенце декорирано со бели цветови за прв пат беше претставено во 2003 година. „Носот“ кој стои позади овој мирис е Хери Фремонт, познат парфимерист кој има креирано десетици мириси, вклучувајќи го и исконскиот CK One. Pur Blanca те пречекува со композиција од иланг-иланг, бела фрезија и морско нане во своите врвни ноти. Срцевината обединува букет од бела роза, лотус и бел божур, додека пак основните ноти содржат лесно сандалово дрво, мошус и хелиотроп. Оваа воздушеста композиција од озонско-цветна категорија е полна со транспарентност, будејќи го чувството на хармонија и мир во умот.

Pur Blanca Blush – едноставно романтичен

Малку поромантичен од Pur Blanca, Pur Blanca Blush доаѓа во розово разубавена варијанта со цветни мотиви. Дава сензуална нишка на Pur Blanca семејството, будејќи ги романтичните идеи и сништа. Композицијата е од живи акорди од италијански бергамот со ливчиња од бршлен и црна рибизла која се издвојува во врвните ноти, додека пак во срцевината изобилува со цут од воден крин, бела роза, цвет од темјанушка и розов божур кои пак се издигнуваат врз сензуалната основа од мек кремав мошус, кедрово дрво и суви овошја. Оваа деликатна композиција од цветни и овошни ноти ја изразува природата на младата дама која го отвора деликатниот, ранлив и дискретно сензуален свет на самодовербата.

Pur Blanca Elegance – едноставно елегантен

Овој мирис беше лансиран токму пред Интернационалниот Ден на жената – 8-ми март, во 2013 година и се појави во сино декорирано шишенце. Елегантната сестра на Pur Blanca е од ориентално овошна категорија која вклучува диви бобинки, јасмин и бел мошус. Мирисот е совршен за жената која ги преферира белите цвеќиња обвиени со лесни овошни нијанси кои оставаат мек, сензуален траг. Ти дозволува да бидеш жена која секогаш го бара елегантното и софистицираното, и тоа без да се труди.

Pur Blanca Charm – едноставно шармантен

Најмладиот во фамилијата, Pur Blanca Charm е компониран од цветни, овошни и ноти од мошус. Букетот од росни цветни ливчиња и магнолија е освежен со блескави овошки кои дозволуваат убавината да заблеска. Оваа композиција совршено ја изразува нежната сензуалност која ја отелотворува женствената грациозност. Природно убав и едноставно шармантен, Pur Blanca Charm ја истакнува суштината на жената.