Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Подготви ја кожата за зима

Зимата нема толку обожаватели како летото и твојата кожа сигурно не е еден од нив... Студеното време влијае на неа повеќе отколку што можеш да замислиш, па затоа не заборавај да ја третираш со особено внимание во овој тежок период.

Пиј многу вода

Ова е нашата мантра... А, треба да биде и твојата. Хидрирај ја кожата од внатрешноста со тоа што ќе пиеш многу вода. Секогаш со себе носи си шишенце, како што тоа го правиш на лето, но немој да го пиеш на отворено. Билните чаеви се исто така одличен избор кога надвор е многу студено, бидејќи дополнително содржат и многу антиоксиданти. Кожата ќе ти биде благодарна и ќе ти врати со сјаен здрав изглед.

Влажност во воздухот

Загреаните простории имаат многу сув воздух, кој влијае на твојата кожа. Навлажнувач на воздухот е одлично оружје против ова. Во последно време и не се многу скапи, а ја завршуваат работата одлично. Систем за навлажнување на воздухот може да помогне на твојата кожа да остане нежна и негувана наместо испукана и сува.

Ексфолирај

Добар пилинг на телото и ексфолијан за лице ќе ти помогнат да ги отстраниш мртвите клетки од кожата. Направи го ова твоја рутина барем два пати неделно. Така не само што ќе се чувствуваш свежо, туку и твојата кожа ќе биде ослободена од мртвите клетки, кои во текот на есента и зимата ги има 4 пати повеќе.

Нега базирана на масла

Ова ќе помогне кожата да ја губи својата влажност, а и ќе ја потхрани со важните состојки кои се борат против лошите временски услови. Одбери крема која е погуста од твојот нормален хидрантен крем бидејќи таквата ќе се задржи подолго на кожата. Тоа нема врска со водата која ја содржи во својата формула, како што многумина можеби мислат. Модерните технологии кои се користат за производство на формулите на кремите всушност успеваат да ја задржат влажноста во својата структура без употреба на вистинска вода, така што не мора да се грижиш дека кожата ќе испука на студено време, туку напротив - погустите маслени формули се совршени транспортери на состојките во подлабоките слоеви на кожата за разлика од лесните гелови, кои пак се идеални за во лето. Ова е токму тоа што ти е потребно за време на студените денови.

Заштита од сонце

Не вели „збогум“ на твоите креми за заштита од сонче само поради тоа што летото е завршено. Пред да го напуштиш домот нанеси млеко за сончање со заштитен фактор најмалку 15. Тоа ќер ја заштити твојата кожа од УВ зраците, кои се ништо помалку опасни во студениот период.