Македонија
    |         |         |    
BSP_fact_myth

Единствен и неповторлив мирис – класа за себе

Привлечен и софистициран, неповторлив во луксузот. Запознај го единствениот екстравагантен мирис Premiere Luxe за Него кој ќе го обожуваш на твојот маж.

Доколку сакаш да го запознаеш мирисот на луксузот, ова е тој - Premiere Luxe за мажи. Ароматичната шумска мешавина е компонирана од скапоцени мирисни состојки, вклучувајќи пачули, ветивер и ретко гајак дрво. Мирисот во основата има цитрон кој носи свежина на сетилата, со зачинета ориентална нишка која ја потенцира привлечноста и уникатниот карактер.

Пачулите се исконски сиров материјал во парфимеријата и добро познат афродизијак кој е карактеристичен за пософистицираните вкусови. Дава елеганција на мажествените мириси, додавајќи длабочина, долготрајност и конечно, квалитативно го потенцира нивното чувство. 

Ветиверот ги роди висококвалитетните и исконски машки мириси. Зачадените, но сепак свежи нишки на ветиверот додаваат вистински маженствена аура на тоалетната вода Premiere Luxe за Него. 

Реткото гајак дрво го инспирираше креаторот на мирисот поради неговото значење, а тоа е вечност. Познато е како едно од најтешките и најцврсти дрва. Балсамичните шумски ноти од ова ретко дрво се чини дека вечно се задржуваат на кожата, создавајќи топла и безбедна основа за полесно испарливите ноти. 

Оваа раскошна мешавина ја креира привлечноста и остава долготрајно чувство. Premiere Luxe за Него е мирис ко претставува класа сам за себе, совршен за мажи од кои протекува раскошната софистицираност.