Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Домашно СПА по долгата зима – одбери ја твојата маска за лице

Пролетта е на прагот и крајно време е да почнеш да се грижиш за својата кожа по студените зимски денови. Маска за лице е токму она што ти е потребно. Но, која треба да ја одбереш? Дозволи ние да ти помогнеме во тоа.

1. Прочистување

Секогаш треба да ја чистиш кожата! Најдобро е да нанесуваш производи за длабоко прочистување, а не само за површинско миење на кожата, што е особено важно по зимата. Маска за прочистување ќе биде идеална за тоа. Таа ќе ти помогне да ги прочистиш порите и да ја намалиш масноста на кожата, со што лицето ќе биде помазно, помеко и побалансирано. Маската за прочистување исто така може да биде првиот СПА ритуал кој ќе ти помогне да ја подготвиш кожата за потхранувачките состојки.                           

Тип на кожа: за сите типови на кожа, особено за помасната. Се препорачува како прв чекор од СПА ритуалот, со цел длабоко да ја прочисти кожата.

Состојки за прочистување:

Минерали од Мртвото Море – овие мали минерали потекнуваат од најсоленото и уникатно море во светот кое исто се нарекува и најголемото СПА на Земјата. Некои минерали кои се наоѓаат во Мртвото Море не може да се надат на ниту едно друго место. Тие се познати со векови по нивните лекувачки карактеристики и својства против стареење кои делуваат на сите слоеви на кожата, оставајќи долготраен ефект на здрава, регенерирана кожа. Овие скапоцени и ретки минерали се совршени прочистувачи и помагаат во отстранување на нечистотиите, правејќи ја кожата попропустлива за поефикасно впивање на виталните состојки.

2. Хидрирање

По долгите месеци без сонце и поминување на деновите во загреани простории, кожата може да биде позатегната и посува, така што потребна ѝ е твојата помош за повторно да изгледа здраво и блескаво. Најдобро би било да одиш во топла, егзотична земја на море и да уживаш во свежиот воздух и сончевите зраци... но, доколку немаш време или пак не можеш да си дозволиш да патуваш, можеш да ја донесеш медитеранската клима во сопствениот дом со тоа што ќе нанесеш маска за лице со маслиново масло. Твојата кожа ќе ти биде благодарна.

Тип на кожа: сите типови на кожа, а особено за сувата.

Состојки за хидрирање:

Маслиновото масло на големо се користи во козметичката индустрија, и тоа претежно како состојка за хидрирање. Маслинките се природни омекнувачи кои помагаат да се задржи водата во кожата. Медитеранските маслинки се богати со витамини А, Б, Ц и Е и ваквиот витамински коктел има антиоксидантни и антиинфламаторни карактеристики, како и својства за обновување на кожата. Исто така помага и во спречување на појавувањето на тенките линии и во нивното омекнување. Совршено ја потхранува кожата, правејќи ја здрава и со младешки изглед. Но, не само плодот од маслиновото дрво има придобивки за кожата, туку и неговите листови. Екстрактот од листот на маслинката е исто така силен антиоксидант кој помага во спречување на надворешните влијанија.

Исто така, можеш да се внесеш и во состојките од другиот дел на светот – Индија. Егзотичната мешавина која вклучува сандалово дрво и сусамово масло кои имаат хидрирачки, смирувачки и антиифламаторни карактеристики и витамин Е, совршено ја смируваат сувата кожа обезбедувајќи ѝ здрав изглед. Сусамовото масло исто така се користи и при масажите бидејќи обезбедува смирувачка релаксација, ефикасно ја детоксифицира кожата и се бори против стареењето. Маслото од сандалово дрво шири прекрасна арома која ја буди сензуалноста и помага во намалување на стресот.

3. Ревитализирање

Ревитализирањето со други зборови значи подмладување на кожата и враќање на нејзиниот живот. Па така, доколку почувствуваш дека твојата кожа е безживотна и прави и ти да се чувствуваш така, обиди се со ревитализирачка маска за да го вратиш нејзиниот сјаен изглед.

Тип на кожа: свената, со безживотен тен

Состојки за ревитализирање:

Кинески женшен, богат со витамини, минерали и антиоксиданти, помага во подобрување на состојбата на кожата и нејзиниот тен. Женшенот е познат со векови во азиската култура и благодарение на својата форма која наликува на човековото тело, се верува дека третира многу здравствени проблеми... а, тоа и навистина е така. За женшенот се верува дека дека го стимулира метаболизмот на кожата, се ослободува од слободните радикали и мртвите клетки и го поттикнува создавањето на колагенот во подлабоките слоеви на кожата, со што ја подмладува и ја прави поцврста.

4. Измазнување

Тажниот изглед на твоето лице може да биде предизвикан, на пример, од тенките линии и нерамномерниот тен, а за тоа придонесува и зимата. Не дозволувај лошата состојба на кожата да го расипе твоето пролетно расположение. Прочисти ја со црн кавијар.

Тип на кожа: кожа на која се појавени тенките линии.

Состојки за измазнување:

Црниот кавијар не само што претставува луксузен деликатес кој ги задоволува најсофистицираните вкусови, туку исто така претставува и одличен лек за кожата. Тој е добро познат по своите потхранувачки, регенерирачки и подмладувачки карактеристики. Богат е со минерални соли и хидрирачки протеини, со што црниот кавијар исто така го стимулира метаболизмот на клетките на кожата, правејќи ја помазна и со помладешки изглед.

5. Енергизирање

Не е само кафето тоа што ти дава добар поттик на енергија. Маската за лице може да го постигне истиот ефект, а тебе тоа ти е потребно по долгата зима со цел да ја пречекаш пролетта полна со позитивна енергија.

Тип на кожа: онаа која покажува знаци на замор, со блед или сивкаст тен.

Состојки за енергизирање:

Со сладок и смирувачки вкус, белиот чај е моќен антиоксидант кој исто така е познат дека ја заштитува кожата од надворешните влијанија и придонесувајќи во нејзиниот младешки и жив изглед. Со своите антибактериски и антиинфламаторни карактеристики, белиот чај ја прави кожата поздрава, поцврста и поблескава.

Екстрактот од асаи е добива од 20-метарските, витки асаи палмини дрва кои што потекнуваат од Амазонските прашуми кои се познати по својата уникатна клима. Тие се одгледуваат поради нивната супериорна срцевина која најчесто се користи како деликатес, или поради нивниот уникатен плод – асаи бобинката, која е вистнска нутритивна бомба позната по своите антиоксидантни карактеристики. Тие се исто така совршени навлажнувачи кои ја одржуваат кожата полна и млада.

6. Потхранување

Како и на сите органи во твоето тело, така и на твојата кожа ѝ е потребно потхранување за да биде здрава. Густа, богата формула со витамини и антиоксиданти би била најдобриот избор. На свенатата и уморна кожа од зимскиот период ѝ е потребна богата формула која ќе ги надополни нејзините квалитети.

Тип на кожа: многу сува, дехидрирана, подложна на лупење.

Состојки за потхранување:

Африканскиот шеа путер е состојка која се добива од јатката на африканското карите дрво кое може да живее и до 200 години. Шеа путерот има природни хидрирачки и смирувачки карактеристики, а истовремено е и многу хранлив. Често се користи и како сиров материјал. Богат е со витамин А кој има лекувачки својства за кожата и витамин Е, кој пак има антиоксидантни карактеристики кои помагаат во борбата против слободните радикали и процесот на стареење. Неговата вкусна јаткаста арома ја прави негата на кожа вистинска гозба за сетилата.