Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Совршен Ден на вљубените

Денот на вљубените можеш или да го сакаш или да го мразиш, но едно е сигурно: не можеш а да не го почувствуаш мирисот на љубовта во воздухот. Направи го Денот на вљубените совршен во секој детал со помош на овие неколку совети.

Усни за бакнување

Убаво обликувани, сочни усни секогаш привлекуваат внимание и се еден од најистакнатите и најсекси деловите од нашето тело. За Денот на вљубените веројатно ќе одбереш црвен кармин, но ќе се грижиш дали на крајот усните ќе ти бидат суви и испукани. Затоа пробај кармин кој содржи хидрантна формула, како што е на пример карминот Ultra Color Indulgence со гел формула која остава полна боја на усните, а истовремено ги прави мазни и хидрирани. Полн погодок за твоите усни!

Секси мирис

Мирисите можат да зборуваат многу за нас и лесно да го привлекуваат спротивниот пол. Изборот на мирисот исто зависи и од приликата, односно дали да биде мирис за секојдневна употреба или пак за вечерно излегување. Денот на вљубените несомнено дека е посебна прилика за која треба да одбереш заводлив мирис. Затоа, барај заводливи ноти како што се ванилата, пачулите, мошусот, јасминот или иланг-иланг (дознај повеќе за нивната моќ  овде ). А доколку сакаш да бидеш уште повеќе заводлива и да ја истакнеш твојата слатка и секси страна, пробај го новиот мирис Ultra Sexy Pink scent од AVON со исклучителна мешавина од малина, расцутен божур и шифонски мошус. 

Твојата кожа е афродизијак

Многу е важно секогаш да се чувствуваш добро во сопствената кожа... буквално! За Денот на вљубените третирај ја кожата со многу љубов, давајќи ѝ го афродизијакот кој го заслужува. Кадифен балсам ќе ја направи твојата кожа мека, хидрирана и заводливо парфимирана со слатка ванила и опојни цветови. Пред да излезеш на состанок, можеш дополнително и да нанесеш маслен спреј на целото тело, кој на кожата ќе ѝ даде сјаен, секси финиш.

Прекрасен појадок

Велат дека патот до срцето на мажот е преку неговиот стомак. И ние веруваме дека е така! Па, зошто не го изненадиш твојот сакан со појадок од јајца во облик на срце, и потоа кафе послужено во шолји во форма на срце кои совршено си одговараат како и вие двајца? Одлична идеја за поеток на прославувањето на Денот на вљубените.

Накит во кој ќе се вљубиш

Кога се подготвуваш за состанок, покрај шминката, обрни внимание и на деталите. Денес не мора да имаш сомнеж дали да носиш приврзоци во облик на срце, или пак прекрасни прстени декорирани со исписи на љубов. Токму на овој ден тие одлично ќе ти прилегаат и ќе ти помогнат да создадеш гламурозен изглед