Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Тренд од природата – исконски пролетен стил

Со приближувањето на крајот на зимата, пролетта полека почнува да го покажува својот прв цут... на облеката и на модните додатоци! Погледни што се крие во трендовите на природата кои постојано се враќаат секоја топла сезона.

Тешко е да се одреди кога природните трендови, вклучувајќи ги и животинските и цветните шари, точно се имаат појавено. Сепак, сигурно е дека уште во античките времиња биле присутни животинските мотиви. Луѓето ја правеле својата облека од животинска кожа и крзно и во најголема мера ја користеле за да се заштитат од надворешните влијанија. Во антички Египет шарите со животински мотиви го детерминирале социјалниот статус. Овој тренд полека се развивал низ годините и вековите, а највеќе станал популарен во 20-тиот век помеѓу филмските ѕвезди, како што на пример познатата Елизабет Тејлор носеше костим за капење со шара од леопард. Со револуцијата на медиумите на животинските шари популарноста уште повеќе им порасна, станувајќи сè повеќе честа и на широко прифатена.

Што се однесува до цветните шари, за нив се вели дека потекнуваат од Истокот. Ориенталните материјали разубавени со цветови биле продавани на Европјаните и се сметале за престижен материјал кој го носи само повисоката класа. Во 20-тиот век цветните шари имаа голем пробив во времето на „Децата на цвеќето“, односно хипиците. Тие така и се нарекуваа бидејќи цветот го користеа како симбол на мирен протест кој претставува љубов и хармонија. Како што хипи модата се прошируваше насекаде низ светот, многу брзо цветните шари станаа популарни во сечија гардероба, а и денес се враќаат секоја топла сезона.

Денес природните трендови вклучуваат и животински и цветни шари и можат да се забележат во секој дел на светот, и тоа не само на гардеробата и чевлите, туку и на долната облека, очилата за сонце, паричниците, накитот и чантите и ваквиот тренд никогаш не застарува. Достапни се за сите и ваквите природни трендови неверојатно го потенцираат женствениот стил.

Она што е интересно за овој тренд е дека илјадниците видови цвеќиња и животни дозволуваат да се создаде безграничен број изгледи и комбинации за секоја прилика. Природните мотиви најчесто се шарени, така што е најдобро да се комбинираат со еднобојни парчиња, но исто така и со контрастни шари, како што се црно-бели линии, или пак црно-бели точки. Така на пример, може да се носи црна или кафена кожена јакна со цветен фустан, цветна блуза или пак фармерки од светол тексас, или пак класична морнарска блуза со цветна марама во пастелни бои за да се посака првото топло добредојде на пролетните денови.

Цветните и животинските мотиви исто така изобилуваат и во накитот, особено во облиците на приврзоците, брошевите, прстените, обетките, алките и часовниците.  Тие го истакнуваат оригиналниот стил и секогаш привлекуваат внимание. Тие дополнително можат да ти помогнат и да ја изразиш својата личност. Жените кои се полни со самодоверба и кои повеќе се осмелуваат да експериментираат, одбираат накит кој содржи украси од диви мачки, змии или инсекти, оние кои се во добро расположение одбираат птици, слончиња или пак детелинки, додека пак дамите кои се повеќе срамежливи и деликатни одбираат накит со пеперутки, ливчиња или романтични цвеќиња. Изборот на накит кој највеќе ќе ти одговара, најчесто доаѓа... природно.

По долгата зима, крајно време е да ја освежиш својата гардероба и да го сокриеш топлото зимско палто во плакарот. Инспирирај се од природата која полека се буди околу тебе и осветли ја твојата облека. Природниот стил во пролетната и летната сезона секогаш ќе биде добар избор.