Македонија
    |         |         |    
BSP_Sharapova

Кристијан Лакроа: Приказната продолжува

Поминаа 7 години откако познатиот француски дизајнер Кристијан Лакроа го создаде првиот парфем ексклузивно за AVON. Оттогаш неговата колекција растеше, а денес му посакува добредојде на својот нов член како на Божиќен подарок. Тоа е магичниот мирис наречен Christian Lacroix Amber

Во моментов портфолиото на Лакроа за AVON го вклучува фантастичниот Rouge за жени и Nuit и во женска и во машка варијанта. И новиот, Amber, исто така доаѓа и за мажи и за жени, така што благодарение на неговите уникатни композиции, може биде одличен новогодишен подарок за секој пол.

Уметноста на дизајнот

Кристијан Лакроа бил роден и израснат во Арл, Франција. Уште од дете тој покажувал талент и афинитет кон уметноста, така што уште како младо момче го следел своето срце и се одлучил да студира историја на уметност, а својата кариера ја започнал како куратор во музеј. За среќа, судбината го натерала да затропа на вратата на познатата модна куќа Hermès, каде во 1978 започнал да работи како асистент. Веднаш се издвојувал од останатите, па така и набрзо станало очигледно дека модата е неговата судбина, иако љубовта кон уметноста му претставувала главна инспирација и заштитен знак.

Шари и набори

Со нозете веќе цврсто во светот на модата, Лакроа одлучил да ја отвори својата прва модна куќа во 1986. Неговите разнобојни дизајни честопати вклучувале различни шари и шаблони и големи набори и фалти, така што моделите на Лакроа за многумина претставуваат олицетворение на високата мода во 19980-тите. Неговите модели биле препознаени по својата убавина, сексапил и раскошни материјали, но истовремено и критикувани поради нивната непрактичност, но во секој случај, Лакроа успеав да направи големо име и бренд од неговите модни дкреации. Една година подоцна ги проширил своите линии со секојдневна, нослива гардероба, вклучително и накит, чанти, чевли, очила, марами и вратоврски. Бутиците на Лакроа се наоѓаат во Париз, Арл, Тулуз, Лондон, Женева и Јапонија. Во 2004 година дизајнерот ја лансираше и својата прва машка колекција, а истовремено работел и како креативен директор на Pucci од 2002 до 2005.

Приказната со AVON

Во 2007 Лакроа во партнерство со AVON го претстави својот нов парфем, направен ексклузивно за AVON, наречен Christian Lacroix Rouge за жени и Christian Lacroix Noir. Неговата линија мириси за AVON подоцна се прошири со изданијата Christian Lacroix Absynthe пролетта 2009, Christian Lacroix Absynthe за Него есента 2009, Christian Lacroix Nuit есента 2011 и Christian Lacroix Nuit за Него зимата 2011.

Мирисите Christian Lacroix Amber се најновите членови на оваа премиум колекција.