Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Avon Luxe – козметика која прави да се чувствуваш специјално!

Оригинални рецепти, висококвалитетни состојки, софистицирано пакување и гламур во кој ќе се вљубиш – тоа е линијата на декоративна козметика Luxe од Avon. На што треба да обрнеш внимание?

Со претставувањето на линијата Luxe на пазарот, Avon сакаше да допре до најпребирливите потрошувачи. Токму затоа оваа козметичката линија, во која може да се најдат производи за шминкање како пудри, сенки за очи, пудра во прав и маскари е особено рафинирана и има многу лојални корисници.

Што ја направи оваа линија толку успешна?

Највисок квалитет на состојки

Што нѐ асоцира на луксуз? Скапоцени камења, свила, масла, злато, светки – пожелно во комбинација су суптилен мирис. Сето ова ќе го пронајдете во линијата Luxe: создадена од состојки кои се навистина импресивни.

Подолу е изборот на некои од компонентите:

  1. Амбра, познат по своите антиоксидансни и хидратантни квалитети (присутен, на пример, во бронзерот Warm Gold bronzer)
  2. Арганово масло кое дава златен сјај, хидратација и здрав изглед
  3. Ретинол и колаген
  4. Екстракт од бел сафир (во течната пудра)
  5. Осветлувачки бисери, кои ги прикриват несовршеностите и прават кожата да блеска
  6. Прав и микро честички од црн дијамант (во моливчето за очи и маскарата)
  7. Свила
  8. Екстракт од орхидеја

Уникатно пакување

Дури и најдобрите состојки нема да вѐ заведат без соодветно пакување. Производите Luxe се спакувани во убаво дизајнирани, класични кутии кои потсетвуваат на луксуз и пријатна прецизност.Златната доминира. Пакувањата на камената, течната пудра и маскарата соврешно ги претставуваат производите и се сметаат за украс женската чанта или тоалетната маса.

За кого е наменета линијата Luxe?

Таа е наменета за секоја жена која е самосвесна и полна со очекувања и барања и бара совршенство во шминката. Меѓу производите може да се најде прилагодливата пенеста пудра, во сјајна или мат варијанта и нијанси дизајнирани да одговараат на жените од сите раси.

Што е ново во оваа линија?

Линијата продолжува да се проширува, и е збогатена со молив за очи со меко сунѓерче. Вреди да се спомене и подлогата за пудра и маскарата со серум кој не само што обезбедува прекрасен финиш на шминката на очите, туку и се грижи за здравјето на трепките.