Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Правилна хидратација во есен – нега за кожа за целото семејство!

Кожата по летото може да биде исончана… но исто така и сува. Ова се однесува не само на лицето, туку и на целото тело и ги погодува сите членови од семејството! Како да обезбедиш правилна хидратација на кожата за време на есента?

Често ни паѓа на памет за нега на кожата кога тоа ќе стане проблем: по летото, или по долготрајна изложеност на клима-уред. Чувствуваш нелагодност; твојата кожа е груба, чеша и без еластичност. Ова истото се однесува и на твојот партнер и деца! Особено во текот на промената на сезоните, обезбеди правилна нега на кожата, бидејќи е мноу полесно проблемот да се спречи отколку да се справуваш со последиците од сувата кожа!

Сувост = предвремено стареење и иритации

Сувата кожа има недостаток од цврстина и тоа не е само козметички недостаток. Недоволната хидратација резултира во дехидрација на кожата, што води до пореметување во обновата на епидермисот и до дерматолошки компликации. Како резултат на тоа се појавуваат фисури (расцепи), а кожата станува тврда и задебелена.

Недостатокот од хидратација во површинскиот слој предизвикува слаб тонус и појава на брчки. Со еден збор: кожата која не е доволно хидрирана побрзо старее.  Она што е важно е дека стареењето не ги засега само возрасните, тоа започнува многу порано! Ако не ја негуваме кожата во нашите 20-ти години, за 20-30 години имањето на убав изглед ќе бара многу труд.

Ова не важи само за жените, туку и за мажите исто така, додека правилната хидратација кај децата е есенцијална во спречувањето на иритациите!

Хидрирање? Лесно е!

А зошто да не се погрижиме за хидратацијата на кожата? Типичниот изговор е недостаток на време, бидејќи по напорниот работен ден повеќе сакаме да спиеме отколку да направиме козметички третман. Тоа не е правилно, бидејќи на модерните производи им требаат само неколку секунди за темелно да се впијат!

Ако твојот проблем е сува кожа на лицето, рацете, телото, но не си љубител на темелна нега која бара многу производи, пробај го Хидрантниот крем за раце, лице и тело Velvety soft. Ја снабдува кожата со 48-часовна хидратација, а 7 од 10 жени потврдиле дека е совршена за нивната секојдневна нега.

Чиата владее во кулинарските рецепти веќе со месеци, a а сега ги пронаоѓаме нејзините семиња во козметички формули. Причината за ова е што семињата обезбедуваат огромна количина од хранливи материи и избалансирано снабдување со енергија на телото. На јазикот на Маите, “чиа” значи “моќ”.

Препорачај го кремот со чиа семиња на твојот партнер! Мажите не се особено заинтересирани за производи за нега, но само еден производ за лице, тело и раце би требало да го убеди!Ова е совршен подарок и за деца; тинејџерите ќе бидат воодушевени од кремот!

Паметна хидратација!

Соодветните состојки се неопходни за дехидрираната кожа. Кога тие се преслаби, проблемот останува нерешен, кога се пресилни – тие можат да ја иритираат и оптоварат кожата. Ако твојата кожа е подложна на алергии и иритации, осигурај се дека производот не содржи парабени и е препорачлив за чувствителна кожа.

А што е со состојките за хидратација? Природните решенија се најефективни. Омега 3 масните киселини се многу скапоцени состојки кои ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата, такво е и бадемовото масло, познато уште од античко време.

Ја хидрира, зацврстува, смирува и го забавува стареењето на кожата, истовремено штитејќи ја кожата од негативните влијанија, ја спречува дехидрацијата на клеткитеи го зајакнува липидниот заштитен слој.

Сите овие состојки ќе ги пронајдете во новата линија на Nutra Effects за тело. Тие се соодветни за целото семејство!