Македонија
    |         |         |    
BSP_Goodnightskin

Добра ноќна нега на кожата

Сонот е еден од најдобрите тремани за убавина во вашиот арсенал, така што кога не спиете доволно, вашата кожа го покажува тоа. Еве зошто сонот е толку неопходен...

 

Концептот „сон за убавина“ не е само приказна на старите домаќинки. Експертите велат дека сонот навистина влијае на кожата и има голем број придобивки.

 

Пред сè, витамините, ретиноидите и останатите состојки ја губат својата моќ по изложувањето на сонце и стануваат сè помалку ефективни. Така, бидејќи навечер нема сончева светлина, состојките против стареење на кожата во кремовите за лице или во маскте остануваат активни подолго време.

 

Регенерацијата на клетките е процес кога свежите, нови клетки на кожата ги заменуваат старите и изумрени клетки, а овој процес се случува побрзо ноќно време во споредба преку ден.

 

Всушност добриот сон ја прочистува штетата која настанала преку денот. За време на денот, кожата е бомбардирана со УВ зраците, загадувањето од воздухот и од останатите штетни надворешни влијанија. Ова се виновниците кои можат да предизвикаат оштетување на кожата како дехидратација, појава на линии, брчки и сончеви дамки. Навечер пак, кожата ја генерира направената штета од текот на денот.

 

Со цел да го забрзате овој процес треба секогаш да користите моќен ноќен третман за лице. Помогнете ѝ на вашата кожа да го постигне својот максимален заштитен потенцијал. Тоа може да биде со вашата ноќна крема за секојдневна употреба, но доколку барате нешто што ќе се грижи за вашата кожа за време на ноќта со посебно внимание, тестирајте ја ноќната маска за хидратација и регенерација на лицето од линијата ANEW. Содржи голем број на антиоксиданси и навлажнувачи, ја хидрира кожата, го поттикнува создавањето на нови клетки и обезбедува блескав тен.