Македонија
    |         |         |    
Get noticed at first sight

Бидете забележани на прв поглед

 

Секогаш за сè постои прв пат. Истото се однесува и на впечатокот кој го оставаме пред другите луѓе. Имајте го под контрола со неколку совети кои ќе ги примените и не пропуштајте го моментот за брилијантен прв впечаток.

ИСКРЕНО РАКУВАЊЕ

 

Држење за рака е знак за грижа и длабоки чувства кон другиот. Сепак, кога прв пат се запознаваме со некого, вообичаено само се ракуваме. А, токму првото ракување може да значи многу. Цврсто ракување е знак за силна личност, додека пак деликатното и нежно симболизира чувствителност. Без оглед на тоа каква личност сте вие, искажете став со ракувањето и вашите раце нека зборуваат за вас. Одберете лак за нокти кој најдобро ќе го отслика вашето расположение или пак експериментирајте и пронајдете нова личност во себе.

 

САМОУВЕРЕН ИЗГЛЕД

 

Очите се прозорец на душата. Па така, кога се чувствувате самоуверено, вашите очи веднаш ќе го покажат тоа. Од друга страна, кога се чувствувате засрамено или загрижено, токму очите ќе ве издадат. Чувствувајте се самоувремено и храбро со Маскарата Infinitize која ќе ги продолжи вашите трепки и ќе ви овозможи атрактивен изглед на предизвикувачки ден, но и сензуален изглед на романтична вечера. Да ги направите очите уште позабележителни и шармантни, можете да употребите трибојни сенки за очи со кои ќе постигнете неверојатен мултидимензионален ефект.

 

НАШМИНКАЈТЕ ЈА ВАШАТА ЛИЧНОСТ

 

Кога се шминкаме повеќе обрнуваме внимание да ги сокриеме недостатоците, отколку што се фокусираме на тоа да ги нагласиме нашите најдобри црти. Без разлика кој е поводот, вашата шминката треба секогаш да ја отсликува вашата личност. Доколку сте самоуверена и сензуална личност која сака да привлекува внимание, одлучете за „задимен“ ефект на очите. Доколку вашата личност се карактеризира како женствена, природна и нежна, одберете пастелни нијанси. Црвениот кармин претставува моќ и бестрашност, додека пак нежните сјајни нијанси ја откриваат вашата младешка природа и незрелост. Играјте си со боите и откријте кои најмногу одговараат на вашиот карактер!

 

ВАШ ПРЕПОЗНАТЛИВ МИРИС

 

Да се одбере вистински парфем кој идеално ја отсликува личноста често претставува и предизвик. Понекогаш се потребни години и години истражување. Но сепак, парфемите имаат огромно значење и влијаат на начинот на кои другите луѓе нè перципираат. Многу познати жени, како на пример Мерлин Монро или Принцезата Дијана имале свој „потпишан“ мирис. Сепак, тоа не мора да значи дека треба да се потпрете на славните личности кога правите избор на парфем. Парфемите реагираат различно на различни тела, така што морате да го пронајдете совршениот за вас. Затоа секогаш дозволете му на парфемот да се развие на вашата кожа и да се помеша со вашиот природен телесен мирис пред да донесете одлука. Се разбира, не мора секогаш да се придржувате до еден ист парфем. Одберете го според времето во денот, приликата или сезоната. Но сепак, обидете се да имате ваш препознатлив мирис кој највеќе одговара на вашата личност.

 

ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ ДОБРО ВО СОПСТВЕНАТА КОЖА

 

Колку што е битно да изгледате добро однадвор за да се изразите на начинот на којшто сакате, не треба да го запоставите и добриот изглед под гардеробата. Самодовербата се гради одвнатре, така што покрај тоа што се грижите за вашата шминка и надворешен изглед, треба да се грижите и за целото тело и ум. Користете крем за тело или пак лосион за постепено потемнување кои ќе ја направат вашата кожа мека и со природен сјај. Да се чувствувате добро во вашата кожа ќе ви овозможи да заблескате и однадвор и секогаш да бидете забележани.