Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

CC коректори во стик – како да ги користиш?

Сѐ што треба да знаеш за CC коректорите

CC коректорите во стик се мудар начин за прикривање на несовршеностите на кожата. Како да ги користиш? Која боја да ја нанесеш на која област? Ти презентираме краток водич! Избери соодветна нијанса на коректор и уживај во прекрасниот изглед!

Зелен коректор

Зелената ја неутрализира црвената, па затоа избери ја оваа боја за црвенило на кожата, видливи капилари, мозолчиња или црвеникави кругови под очите.СЕКОГАШ нанеси го коректорот под пудрата. Ако постапиш обратно, твоите резултати ќе бидат далеку од очекуваните – коректорот нема да се спои со твојата кожа и ќе остане видлив!Нанеси го коректорот директно на потребните места со помош на стик, а потоа нежно протриј го со врвовите на прстите.

Жолт коректор

Функционира совршено за корекција на темните кругови под очите, особено ако тие се со виолетова нијанса. Жолтата ја осветлува кожата и прави таа да сјае. Нанеси го на пример, на веѓите за нежно да ги осветлиш, подигнеш и да ја подобриш нагласеноста на окото. Нанеси го како зелениот – под пудрата и нежно натапкај го на кожата, за совршено да се вклопи.

Виолетов коректор

Оваа нијанса ги неутрализира бронзените и жолтеникави пигментни промени, така што можеш да маскираш флеки, бемки или дамки од сонце. Дава здрав сјај и го изедначува тенот на кожата. Осигурај се дека си ја нанела пудрата врз корегираната кожа. Најдобро е тоа да го сториш со употреба на сунѓер или четка, за да избегнеш размачкување на коректорот низ целото лице, што ќе го уништи ефектот на маскирање.