Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

Не дозволувај да останеш без пари додека ги планираш празниците

Предновогодишниот период е секогаш предизвикувачки во однос на планирањето и организацијата. Се случуваат многу работи, особено кога си домаќин на некоја празнична прослава. Сепак, најголемиот проблем се чини дека е буџетот кој ти е потребен за сè што ти треба. Научи како да ги испланираш празниците, а да не останеш без пари.

Најважната работа е да почнеш да планираш рано. Времето е клучот за да се постигне сè. Направи барем приближен список на трошоци и категоризирај ги потребите, на пример „подароци“, „храна“, „декорации“ итн. Тоа е одличен почеток за понатаму да ги прецизираш сите детали.

Понатаму, размисли колку сакаш и можеш да потрошиш. Биди искрена со себе, види што сè веќе имаш и кога очекуваш да ја земеш платата, новогодишните бонуси и други извори на прилив, доколку ги имаш. Ова е клучен чекор и сè што доаѓа после е врз основа на оваа калкулација. Направи временска рамка на трошоците и обиди се таа да биде во согласност со твојот список.

Кога знаеш каде стоиш финансиски, продолжи кон пополнување на деталите. Мисли на луѓето на кои сакаш да им подариш и во оваа фаза обиди се да одредиш максимална сума по подарок. Доколку си домаќин на забава, размисли што сè ти треба обиди се да ги поделиш торошоците временски – на пример, нерасипливите состојки набави ги порано.

За трговските центри пак, празничната сезона е како сезона за берба. Празничното расположение и музика создаваат илузија дека времето и парите се добро потрошени, но реалноста е дека најчесто ги преплатуваме работите и купуваме дополнителни нешта кои се на попуст. Наместо ова, обиди се да побараш подароци на интернет. На овој начин можеш да начекаш некои добри понуди и да го заштетид времето за купување.

Некои можеби тврдат дека ги посетуваат трговските центри за да најдат инспирација, но ова е уште една замка. Во еуфоријата на моментот имаме тенденција да правиме одлуки за кои потоа ќе се покаеме, особено доколку најдеме подобра понуда подоцна. И повторно – користи го интернетот! Постојат безброј идеи за подароци и совети за пазарување. Доколку ти недостасува инспирација, разгледај ги нашите празнични понуди.

Затоа, кога се работи за планирање на новогодишен буџет, запомни дека наједноставните работи се и најважни. Времето е сè!

 

Ракавици за екран на допир

Новогодишен бележник со магнет

Комплет од 4 калапи за колачиња