Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Како да грижиш за твоите трепки?

Пред да посегнеш по маскара, биди сигурна дека трепките ти се долги, цврсти и здрави. Како да се погрижиш за трепките? Кои се грешките кои треба да ги избегнуваш? Како да ја подобриш состојбата на трепките и да го стимулираш нивниот раст? Еве листа од многу добри совети!

Заводливиот поглед на филмска ѕвезда не е само прашање на добра шминка. Правилната нега е основна, бидејќи ниту една шминка нема идеално да ги прекрие оштетените, суви, или искинати трепки. Ако сонуваш за екстравагантно долги трепки, грижи се за нив и обезбеди им соодветно потхранување.

Детално отстрани ја шминката

Секогаш отстранувај ја шминката, дури и по многу напорен ден, или забава која завршила во зори. Сувите грутчиња маската можат да ја уништат деликатната структура на трепките и да предизвикаат нивно паѓање – тоа дефинитивно не го посакуваш.

Со што да ја отстраниш маскарата?

Најбрзиот и најпрецизен начин е да се користи двослоен отстранувач на шминка кој ја раствора дури и најсилната и водоотпорна маскара. Ако кожата околу очите е многу сува и чувствителна, избери регенерирачки лосион за отстранување на шминка од очите. Благодарение на кремастата формула, овој производ ефективно ја отстранува маскарата без да ја дехидрира или иритира кожата.

Важно: Не ги триј очите и не притискај силно со отстранувачот, бидејќи може да ги скрши трепките и да ја иритира конјуктивата. Наместо тоа, убаво натопи го тампонот со течност за отстранување на шминка и притисни кон затвореното око 10 секунди, дозволувајќи му на производот да делува. Следно, нежно избриши го окото неколку пати.

Потхрани ги трепките

Запомни дека трепките на здрав човек паѓаат и повторно растат. Тоа е природен процес кој може да се забрза со стимулација на побрз раст на трепките. Регенераторот или серумот се корисни за да се постигне таа цел. Исто така, можеш да ја истражиш и моќта на природните масла за оваа намена. Трепките сакаат да бидат премачкани со маслиново или кокосово масло, но рициновото масло е вистински елксир. Нанеси го во текот на ноќта, по деталното отстранување на шминката и многу брзо ќе ги забележиш ефектите.

Внимавај на исхраната

Состојбата на твојата кожа, коса и нокти влече корени од благосостојбата на целиот организам. Ако твоите трепки се далеку од прекрасни, откажи се од вишокот калории и брза храна (фаст фуд, алкохол, слатки). Намали го кафето затоа што го забавува врзувањето на железото како и зеленчук богат со оксалати, кои ја блокираат апсорпцијата на калциум, цинк и магнезиум. Избери производи кои се богати со витамин A, D, B, и незаситени омега-3 масни киселини. Јади риба, слезинка, кашкавал, јајца и зеленчук како моркови и црвени пиперки, кои содржат најголеми количини на витамин A. Овој начин на исхрана има предности не само за трепките туку за здравјето на целиот организам!

Нагласи и навиткај

Вложеното време и труд ќе се исплатува кога трепките ќе станат долги и цврсти. Тогаш, можеш да ја нагласиш нивната убавина со малку добра маскара. Избери ја маскарата која ги витка трепките со профилирана спирална четка, која ги подига трепките и им дава екстра волумен. Заведете со погледот!