Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Т Е М Ј А Н У Ш К А – ЅВЕЗДЕНА СОСТОЈКА

Кензо Такада ја пронашол неговата страст за дизајн уште од млада возраст, решавајќи да се повлече од студиите по литература, за да го посвети својот живот на модата, наспроти волјата на неговото семејство. Во тоа време, Bunka Колеџот за мода во Токио тукушто ги отворил своите врати за машки студенти, го прават г-н Такада пионер во неговиот роден крај. Кога тој започнува да дизајнира, тој ја има предвид традицијата на куќата Kenzo, како што е чувството за пространство и патување кое е евидентно во сите негови креации. И покрај неговиот успех, г-н Такада останува скромен и ненаметлив, што претставува персонификација на темјанушката. 

Прекрасното патување на Кензо Такада започнува со нежната темјанушка, која ги симболизира многуте лица на наследството на г-н Такада и претставува симбол на семејниот грб на семејството Такада. Оваа состојка - ЅВЕЗДА во мешавината, мајсторски ги поврзува машките и женските мириси поради нејзината исклучителна распространетост и нежна природност која е трајна, но не премногу нападна. Темјанушката е симбол на скромност и непретенциозност. Како и да е, радоста, сеќавањата и рефлексиите се исто така, дел од нејзината моќ. Нејзиниот мирис е преносен медиум помеѓу минатото и сегашноста.

Луксузни состојки во Avon Life за Неа

За жената, Кензо Такада се отвора со енергичен, свеж и буен впечаток. Белиот чај ја зголемува пенливата јасност, додека водената лилија и црвеното јаболко даваат аспекти на транспарентна енергија и кристално чиста свежина.

Комплексната цветна срцевина е женствен букет од природни ливчиња темјанушка, бел божур и сакура есенција, кои создаваат лесни и нежни облаци ливчиња и нагласено чувство на цврстина и сила.Финално, основната нота ја открива божествената топлина на цветот ирис, кремастото чувство на амбрета семињата и интригантната длабочина на пачули за да се добие релјефна комбинација која е елегантна, модерна и сензуална.

Како твојот маж ќе мириса?

ЦРН БИБЕРЦрниот бибер, познат и како “Крал на Зачините” и “Црно злато” е најважниот и најшироко користен зачин во светот и лидерска позиција која е супериорна и единствена, во улога заштитен знак на овој парфем.

ЛИВЧИЊА ОД ТЕМЈАНУШКАЛивчињата од темјанушка се често употребувани во модерните мажествени мириси бидејќи состојката дава софистицирана длабочина и форма додека произведува природна свежина која е интензивно зелена и рафинирана.

КЕДРОВО ДРВО ВИРЏИНИЈАКедровото дрво Вирџинија е природен ароматик со свеж и заведувачки мирис кој е мазен и впечатливо дрвен, а дава релјефна топлина и трајност на мирисот.