Македонија
    |         |         |    
BSP_2018_02

Твојата колоритна промена: како да додадеш боја на твојата облека и шминка за да изгледаш извонредно?

Жените може да се поделат во две категории: такви кои ги сакаат боите, и оние другите, кои исто така ги сакаат, но сепак избегнуваат колоритна шминка или аксесоари од страв дека може да изгледаат несоодветно за нив. Добро искомбинираните колоритни парчиња облека и шминка можат само да ја зголемат твојата виталност и шарм. Како да додадеш боја во твојот несесер, но и во орманот?Бојата има терапевтски ефект; ги подобрува нашето расположение и добросостојба и значително влијае на тоа како другите не' перцепираат. Ако не сакаш да мислат за тебе дека си тажна и досадна, осмели се да си поиграш со боите! Сивите и црните тонови не мора да излезат од игра: тие можат да станат совршена позадина за поживи и интензивни пигменти. Боја за секој денСекојдневната облека и шминка се најчесто составени од потемни нијанси и класични комбинации. Ова по ниедна основа не е правило и не треба да те спречува да уживаш во колоритна комбинација. Доколку не си ограничена кон строго конзервативен дрес код кој бара бела кошула и темно сино здолниште, тогаш моше успешно да експериментираш со колоритни додатоци. Дури и најгламурозниот костум или фустан може да се оживее со чантичка во контрастна боја, или со црвен кармин. Ноктите во смели бои исто така изгледаат одлично: пробај црвени, розови, и интензивни темно сини нијанси. Тие ќе ја надополнат и разиграат твојата дневна стилизација. Дали се плашиш дека ако имаш премногу боја на себе ќе изгледаш патетично? Она што ја прави вистинската појава е дека ако бидеш умерена, мали се шансите да изгледаш смешно. Правилото на палецот е употреба на само еден силен колоритен акцент: кога твојот фустан е нагласено магента розов, се' останато треба да биде со намален тон.

Боја за важна приликаВо вакви случаи имаме поголема шанса да се покажеме, иако се' зависи од приликата и од типот на настанот на кој присуствуваме.Дали се работи за свадба? Не се облекувај во црно! Во многу земји ова може да се разбере како навреда, или како лоша среќа! Подобро избери светло сина, аквамарин и розова боја. Обиди е да избереш пастелни додатоци и уживај во блескав, природен изглед!Дали се плашиш дека нагласените бои ќе те направат да изгледаш подебела и наместо тоа сакаш да ги сокриеш несовршеностите на твојата фигура зад сиви и темно сини тонови? Инспирирај се од крупните моделите и сфати дека бојата може да стане твојот сојузник! На крајот на краиштата, целта е да избереш фустан кој ќе ги нагласи твоите предности отколку даа ги сокрие послабите страни.Усогласи ја твојата енергична стилизација со соодветни модни додатоци и класична шминка. Може да ја повториш носечката боја од твојата комбинација на твоите нокти или трепки.

Не постојат лоши боиИма само такви кои се лошо искомбинирани. Не е вистина дека некои луѓе треба да избегнуваат розови или црвени нијанси. Постојат многу бои и секоја од нив има стотици различни нијанси. Провери кој тип на убавина си, заедно со твоите преференци и избери бојоа која навистина ќе ти прилега. Не би се осмелила да носиш сочна црвена боја на усните? Нема ништо лошо во тоа! Наместо тоа избери црвена со ноти на розова (како што е нијансата True Color Hibiscus) и шармирај со твојата свежина!Дали ќе одиш на некоја луда забава, или можеби на одмор? Наместо честите бронзени нијанси, земи ја со себе MARK палетата на сенки со контрастни моќни колоритни тонови и експериментирај со шминката која никокгаш не би ја носела на дневна основа. Смелоста да се биде храбар дефинитивно се исплатува!