Македонија
    |         |         |    
BSP_2018_02

Совршена кожа на млада девојка: 5 совети за беспрекорна кожа!

Ако имаш помалку од 20 години, или само што си ја поминала магичната 2-0 линија, секако дека се грижиш твојот изглед да биде извонреден. На оваа возраст, кожата најчесто веќе ги нема проблемите врзани за пубертетот и адолесценцијатаи и бара поинаков тип на нега. Како вид на нега треба да обезбедиш? Ние ти споделуваме неколку препораки!1. Обрни внимание на чистењетоОва е првата почетна точка, и тоа со добра причина. Чистењето е многу важна, а сепак најзанемарувана потреба на кожата. Не изгледа како голема работа, но ние често ја чистиме неправилно, што како последица води кон лош изглед на кожата. Ако сакаш твојата кожа да изгледа навистина одлично: без црнки, дамки, или некои други проблеми, тогаш секојдневно отстранувај ја шминката и останатите нечистотии од кожата на нежен начин. Како да го сториш тоа? Може да користиш нежен гел за чистење на кожа (како оној од линијата на Nutra Effects), или мицеларна вода. 2. Користи хидроактиватор за сјајна кожаОвој комплетно нов производ од линијата Anew Perfect Skin може да се нанесува секое утро под шминка. Козметиката може да восхити со нејзините ефекти, мирис и едноставната употреба. Доволно е да се нанесе на чисто лице и врат и нежно да се натапка, а потоа да се нанесе дневниот крем. Ја прави кожата да изгледа обновено и освежено и видливо ги намалува порите! 3. Немој премногу да ја сушиш кожата!Поголемиот број на тинејџери се борат со масна или комбинирана кожа во текот на периодот на адолесценција. По овој период, навиката за матирање на кожата со користење на производи кои ја сушат и го намалуваат лачењето на себум продолжува. Но, во меѓувреме кожата се променила. Интензивното сушење и недостатокот од соодветна нега и хидратација може да резултира во потткинување на стареењето на кожата, а како резултат на тоа – таа лошо изгледа. Внимателно избери го вистинскиот производ и не биди штедлива во давањето хранливи состојки на твојата кожа! Пробај ги дневиот и ноќниот крем Anew Perfect Skin и уживај во беспрекорниот изглед!4. Нанеси суптилна шминкаДали знаеше дека жените од Јапонија и Кореја, кои се познати по својата совршена кожа и безмалку вечна младост, многу ретко користат тешки пудри и декоративна козметика? И ти можеш да го сториш истото! Наместо тоа, обиди се да користиш BB крем и нежна пудра. Добро усогласената козметика го изедначува тенот на кожата, ги прикрива несовршеностите и иритациите и исто така го контролира сјајот заштитува од UVA/UVA зраци. Сите овие квалитети може да се пронајдат кај Anew Perfect Skin BB+ кремот за лице. 5. Не заборавај на насмевката и … наспиј се!Емоционалната благосостојба е најдобрата можна козметика, а добриот сон не може да се замени дури ни со најнапредните формули. Ако се стремиш кон прекрасна кожа и блескав изглед, најди време за одмор, добро наспиј се и не се грижи премногу. Оптимистите не само што живеат подолго туку тие се и посреќни и поубави.