Македонија
    |         |    
BSP-Article1-C10-MK

3 грешки кои ги правиш на лето: избегни ги во текот на одморот!

Летото е време за релаксација, одмори и уживање под сончевите зраци! Но, за жал трае само 3 месеци и затоа подобро е да го искористиш на правилен начин. Покрај задоволствата, летото носи и одредени опасности за твојата кожа, убавина и здравје. На што треба да внимаваш?

Прочитај ги нашите совети и избегни ги непотребните проблеми!

1.    Кожа без заштитен фактор

Темата за заштита од сонце е често зборувана и дебатирана, но сепак најголем број на луѓе се враќаат од одморот со изгореници. Сакаш веднаш да го добиеш посакуваниот чоколаден тен и да изгледаш убаво, па првите денови седиш на лежалка покрај плажа без нанесување на крем со заштитен фактор, или пак користиш многу мал фактор. Добро е да се има на ум дека кремите со фактор во опсег 10-20 ЗФ нудат многу слаба заштита, и тие дефинитивно не се погодни за шпанското сонце или грчка плажа. Таквите креми даваат само неколку десетици минути на безбедност под сонце. За време на првите неколку дена на плажа, треба да одбереш креми со поголем заштитен фактор и постепено да ја прилагодуваш твојата кожа на сонцето. Лица со почувствителена кожа не треба да користат креми со помалку од 30 ЗФ на нивните одмори.

Наши совети:

-    Ако користиш пудра со заштитен фактор или ББ - крем, истите тие, можат успешно да ги заменат кремите за заштита од сонце, но сепак секогаш проверувај го заштитниот фактор ( обично се 15-20 ЗФ ) -    Биди особено внимателна на областите кои се многу чувствителни на сончеви зраци, како што се градите, бикините или задниот дел на нозете. Ако посакуваш рамномерно исочан тен, а не сакаш да се сончаш топлес, пробај со лосион за тело за бронзен сјај.-    Дури и при користење на креми за сончање со висок заштитен фактор, внимавај да не поминуваш многу часови на сонце. Сончањето од 11 до 15 часот може да биде особено опасно, бидејќи сончевите зраци во тој период се најинтензивни!-    Не го заборавај нежното чистење на кожата на крајот на денот: тоа е од суштинско значење за целосна регенерација на кожата! Можеш да ги спакуваш мицеларните марамчиња за отстранување шминка Avon True во твојата козметичка чанта за одмор. Тие ќе ја отстранат твојата шминка без оглед на условите!

2.    Мирис на лето....со алкохол

Во текот на летото, не заведуваш само со прекрасниот исончан тен, туку и со мирисот кој го користиш. Добро е да се запамети дека не треба да ја користиш стандардната парфемска верзија што ја користиш преку целата година; ако инсистираш да го направиш тоа, осигурај се дека не го нанесуваш директно на кожата, туку на твојата облека или коса. Класичните парфеми содржат алкохол, кој во комбинација со сонце може да ја иритира кожата или да предизвика осип.За време на одморите, користи парфимирани спрејови заедно со стандардната верзија на парфем, или летни изданија на тоалетна вода, бидејќи тие се безбедни за кожата и не предизвикуваат проблеми на сонце.

Наши совети:

–    Ако сакаш да го задржиш твојот омилен мирис подолго, нанеси го на косата веднаш по туширањето и воопшто не го нанесувај на кожата.-    Во текот на летото не треба да користиш интензивни мириси. Кога одиш на плажа, мирисливиот балсам за тело или гелот за туширање треба да биде доволен.

3.    Суво како во пустина  

Сонцето, капењето во море, одењето бос по жежок песок - ова се многу пријатни искуства од кои не треба да се откажеш.Сепак, не треба да ја заборавиш хидратацијата, не само на телото и лицето, туку и на нозете и косата. Сончевите зраци се многу интензивни, а радикалните временски услови (топлотните бранови на плажа, климатизацијата во хотел) им отежнуваат на нашите жлезди и клетки. Кожата по завршување на летото може да биде многу дехидрирана, додека косата може да наликува на слама. Сувата кожа не е само козметички дефект туку и вистинско дерматолошко прашање кое го забрзува предвременото стареење. Распуканата кожа на петиците или рацете може да доведе до многу сериозни проблеми, додека несоодветната хидратација може да ги влоши постоечките услови на кожата, како што се алергиите и атопијата.

Наши совети:

– Биди сигурна дека имаш понесено со тебе балсам за тело за длабинска хидратација, но и крем за стапала.– Ако кожата на твоите стапала е склона кон испукување (heels crack) препорачливо е да направиш професионален или домашен педикир пред одморот– Не заборавај ја твојата коса: носи шешир или капа и користи балсам за коса по сончањето и бањањето во море.– Ако твојата кожа има тенденција да биде чувствителна кон одредени производи, спакувај козметика во која си сигурна и која ја имаш користено: експериментирањето за време на твојот одмор е лоша идеја!