Македонија
    |         |    
BSP_parfumes-2018-091

ДАЛИ МОЖАТ НОВИТЕ ПАРФЕМИ ДА ТИ ГО ПРОМЕНАТ ЖИВОТОТ?

Дали можат новите парфеми да ти го променат животот? Да, можат и тоа не би очекувале до кој степен. Мирисот може да биде многу моќна алатка кога станува збор за создавање на твојот имиџ. Сепак, тој не треба да излаже наместо тебе, туку треба да го истакне она што веќе го поседуваш!

Мирисот е еден од најмоќните алатки што можеш да го искористиш за да ја зголемиш својата заводлива привлечност, твојата самодоверба и како другите те гледаат во јавност, на работа и во училиште.

Како функционираат мирисите?

Дозволете ни да започнеме со биологија и хемија. Сите ние можеме да мирисаме мириси и тоа не само благодарение на носот (иако, се разбира, тоа е важно), но најповеќе поради мозокот, малиот мозок и лимбичкиот систем. Како резултат на тоа, некои мириси имаат тенденција да поттикнуваат посилни емоции, и позитивни и негативни. Нашата реакција на многу мириси е чисто инстинктивна, а нашите инстинкти многу повеќе од сетилата влијаат на нашето однесување.

Дури и кога не можеме да разбереме зошто некои мириси ни предизвикуваат одредени емоции, сепак многу брзо реагираме на нив. Затоа кога ќе ја почуствуваме аромата на свежо испечен леб, ни доаѓа вода на уста, а мирисот на кафе ни буди желба да се напиеме едно. Мирисите, исто така, не прават повеќе склони да купаваме работи, а не само намирници.

Мирис на љубовта

Дали сакаш да бидеш повеќе заводливо привлечена и видлива? Дали сакаш да бидеш повеќе шармантна на твојот прв состанок и да ги зголемиш шансите за втор? Мудро одбери го твојот мирис. Некои парфеми ќе направат да изгледаш подалечна и недостапна , додека други ќе го направат спротивното. Ако немаш знаење за оваа тема, можеш несвесно да си наштетиш со испраќање на сигнал за да останеш настрана, наместо да ги поттикнеш другите да ти пристапат!

Каков мирис треба да користиш за да ја истакнеш својата физичка и заводлива привлечност? Кои мириси се најсекси? Мириси кои имаат силно влијание врз мажите се мошус, ванила, јасмин и цитрус. Интересно, мажите имаат различни преференции во зависност од нивната возраст и лични склоности. Помладите мажи, под 25 години , дефинитивно ги префериират по лајт мирисите, со повеќе цитрус и цветна нота отколку мошус.

Наша препорака за возбудлив состанок: Avon LUCK Limitless, Avon Attraction, Premiere Luxe, TTA Today, Viva la Vita.

Мириси кои ја зголемуваат самодовербата

Дури и ако си исклучително ефикасен, моќен, и природно полн со самодоверба, понекогаш кога ке се соочиш со важен предизвик, треба да го засилиш твојот имиџ. Ако ти недостасува храброст, овој метод е уште попожелен.

Важно е да запаметиш дека мирисот е многу моќна алатка која може ги поткопа твоите напори. Ако бараш нешто за да ја зголемиш својата моќ, сериозност и професионалност, одбери свеж мирис со дрвенести ноти и пропрскани проѕирни (но не и слатки) цветни мириси. Тешките, бавни и ориентални парфеми ќе бидат резервирани за други прилики - советува Марта Сиембаб, професионален сензибилизатор.

Не треба да употребуваш слатки мириси ако она што го бараш подразбира сериозност и моќ. Миризливи цвеќиња со белешки од божур, магнолија или момина солза ќе направат да изгледаш помладо, но исто така и понежно и поблаго, што може да создаде некои проблеми со поставување на границите во важни животни или работни задачи.

Наш дневен избор за на работа: Perceive, Eve Elegance, Avon Attraction, Treselle, Little Black Dress, Avon Pure

Како да ги употребувате парфемите и да не ја изгубите нивната моќност?

  1. Биди умерена: облаче од силен мирис кој се шири зад тебе е лоша идеја
  2. Биди осетлива: не секој мирис одговара на секоја прилика
  3. Биди свесна: размисли за тоа што мирисот раскажува за тебе и за пораката што ја шири
  4. Биди реална: мириси кои не се совпаѓаат со тебе, не го поттикнуваат посакуваниот ефект и наместо тоа создаваат раздор