Македонија
    |         |         |    
BSP_Inspirations_photo_shoot

9 начини да ја одбегнеш празничната гужва

Повторно пристигнаа празниците! Радосната сезона кога споделуваме среќа и го поминуваме времето со луѓето кои ги сакаме и ни значат. Барем така сите би сакале да изгледа, но понекогаш реалноста има тенденција да биде малку поинаква. Подготовките, како купување подароци, пакување, грижа за домот, планирање на забавата, знаат и да излезат од контрола. Еве список на практични совети кои можеш да ги примениш за да бидеш ти во контрола:

1. Почни рано!

Колку и да звучи очигледно, тајмингот е основата за успех. Почни да ги планираш празниците во ноември, направи список на луѓе на кои сакаш да им подариш подарок, одреди го буџетот. Не мора сè да правиш наеднаш и токму затоа најдобро е да почнеш со време.

2. Користи го интернетот

Пред да одиш на шопинг, направи мало пред-празнично истражување. Повторно – започни рано, побарај ги работите онлајн, спореди ги понудите и доколку е возможно – купувај преку интернет. На овој начин ќе заштедиш време, ќе го намалиш стресот, ќе имаш повеќе време за луѓето кои ги сакаш и ќе направиш подобар избор.

3. Придржувај се до буџетот

Многу е лесно да изгубиш контрола врз буџетот доколку сè купуваш во последен момент. Пред да почнеш со пазарувањето, обиди се да го запишеш буџетот, да ги групираш потребите (подароци, забава, дом итн.) и да ги одредиш приоритетите зависно од твојата финансиска ситуација.

4. Инволвирај го семејството

Иако ти си главна околу празничните подготовки, тоа не значи дека другите не треба да се вклучат. Ангажирај ги членовите од семејството да ти помогнат и ќе се изненадиш колку ќе се забавуваш при украсувањето на елката или печењето на колачињата со најблиските. Но, исто така обиди се да им дадеш и повеќе обврски – да ти помогнат во кујната или со чистењето – тоа ќе ја збогати празничната атмосфера во домот.

5. Користи корисни водичи

Доколку се мачиш да ги пронајдеш вистинските подароци за семејството и ријателите, направи мало истражување. Побарај од твоето семејство да погледне некои водичи за подароци на интернет. Имај ги предвид хобијата, интересите, потребите, ритуалите за убавина на оние на коишто подаруваш и вистинскиот подарок ќе биде поочигледен.

6. Најди време за себе

Во овој динамичен период не заборавај на себе! Запомни дека кога веќе го испланира списокот на обврски пред време, тоа е твоја привилегија за уживање. Создади си сопствено удобно место за одмор коешто никогаш нема да сакаш да го напуштиш. Направи го твоето зимско бегство во кое ќе си ја повратиш енергијата. Инспирирај се себеси со нашите празнични инспирации за новогодишно и божиќно декорирање.

7. Нека биде импресивно

Биди креативна кога се работи за пакување подароци и направи да изгледаат неверојатно под украсената елка. Отпакувањето на подароците и погодувањето што има внатре е голема забава за целото семејство.

8. Нека биде незаборавно

Твојата новогодишна или божиќна забава е последното од целото планирање и подготвување од последните неколку недели. Затоа обиди се да го направиш искуство кое твоите гости ќе го запаметат. Земи си време за себе и помини низ сите совети кои претходно ти ги понудивме и обиди се да ги примениш. Кога ќе бидеш готова, извлечи го максимумот од пова магично време поминато во друштво на оние кои ги сакаш.

9. Уживај во моментот

Ова е веројатно најважниот совет кој ќе го добиеш. Подготовките, планирањето и сите чекори можат да бидат бескорисни доколку вистински не уживаш во моментот. Опушти се, послушај ги советите и оди на твоето мирно место. Сè ќе биде во ред. Ти посакуваме среќни празници!