Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

5-те мириси на летото

Исто како што на твојата гардероба ѝ треба преуредување, така им треба и на парфемите. Тргни ги настрана интензивните тешки мириси кои те затоплуваа во зимските денови и кажи им добредојде на лесните освежувачки композиции со летен дух. Погледни ги 5-те кои ние ги одбравме.

1. Твојот среќен мирис 

Доколку сакаш да посетуваш возбудливи места и животот за тебе претставува голема авантура, AVON Luck La vie, новиот мирис од AVON, ќе биде совршен за тебе. Софистицирана мешавина од свежи шумски јагоди, раскошен цветен мигет и топло кедрово дрво ќе ти дозволат да го искусиш патот на успехот, љубовта и среќата. Биди среќна ова лето! Дознај повеќе за овој мирис од неговиот креатор Пјер Негрин

2. Свежина како летно утро

Доколку не си љубител на слатки овошки, твојот мирис треба да биде чист, едноставен и свеж. Нотите од блескава фрезија се мешаат со јасмин и бел мошус во деликатен мирис кој ја заробува свежината на летниот ден. Оваа лесна есенција ќе ја пронајдеш во мирисот Summer White од цветна категорија.

3. Мирисот на летните бои

Знаеш дека е совршен за лето дури и пред да го пробаш. Шишенцето ги покажува боите на летото кои наликувајќи на сино небо, песочни плажи и тиркизно море, што ја прават оваа тоалетна вода очигледен избор за одморот. Мирисот е од цветно-морска категорија и е мешавина од мокри тропски цвеќиња и богати водни овошки кои ја доловуваат разнобојната виталност на топлото лето.

4. Мирисот на радоста 

Летото изобилува со овошки и цветови, исполнувајќи го воздухот со мирис кој нè става во добро расположение. Доколку си личност која го гледа светот преку розови очила, пробај ги овие сочни ноти од водени овошки и циклама помешани со нишка бобинки и бибер врз база на нежна композиција од јасмин, пеонија и кедрово дрво. Мирисот Celebre е од цветно-овошна категорија и го претставува сè она што се отелотворува во летото: радост, среќа и топлина.

5. Класичен мирис во кул издание 

Никогаш не можеш да погрешиш со класика. Таа секогаш ќе биде најдобриот избор, без разлика кој е поводот. Новото свежо издание од најпорачуваниот мирис Little Black Dress изобилува со воодушевувачка свежина од сочен цитрус, нежни розови цветови и есенција од топол мошус. Совршен за летото!