Македонија
    |         |         |    
BSP_fact_myth

5 брзи начини за инстантно менување на изгледот

Од работа одиш директно на состанок и немаш време за обемни третмани за убавина? Промени го изгледот набрзина и ужувај во инстантната преобразба. Погледни ги нашите совети!

1. Промени го маникирот

Особено во лето, сакаме да го менуваме маникирот, а достапни се и толку многу бои, декорации и шари со кои можеме да си играме. Како и да е, во обичен работен ден обично се одлучуваме за една боја која ќе одговара на нашата гардероба. Но, доколку имаш планови за после работа, можеш набрзина да ги промениш ноктите. Додади точки во контрастни бои или пак избриши го лакот на по еден нокот од двете раце и замени го со друг.

Што имаш: нокти во една боја

Наш совет: додади контрастни точки или линии, или пак промени ја бојата на еден прст.

Во чантата: отстранувач на лак за нокти, две омилени бои лак за нокти и спреј за побрзо сушење на лакот

2. Додади боја во шминката

Во пролетните и летните денови не мора да се ограничуваш само на маскара. Сепак, доколку веќе си ги дефинирала очите на овој начин, можеш да додадеш малку за да промениш многу. Додади моливче за очи во боја и нацртај линија по должина на горниот и долниот капак. Одбери нијанска која најдобро ќе ја дефинира бојата на твоите очи!

Што имаш: црна маскара

Наш совет: додади моливче за очи во боја за да го енергизираш изгледот.

Во чантата: моливче за очи во боја, на пр. SuperShock, црно моливче за очи со синѓерче.

3. Направи мирисот да трае

Веројатно не можеш да тргнеш за на работа без 3 пати да се напрскаш со твојот омилен парфем. Доколку на крајот н денот имаш состанок, мирисот веројатно е да испари, па доколку сакаш да ти трае подолго, а да не го носиш со себе целото шише, еве што можеш да направиш. Пред сè, користи и лосион за тело и дезодоранс со истиот мирис, со цел да го нанесеш во повеќе слоеви. Исто така, можеш да напрскаш и на шалот и на косата. Ќе се изненадиш колку на овој начин ќе го задржиш мирисот, додека твоето шишенце останало дома!

Што имаш: твојот омилен парфем е незабележлив

Наш совет: користи производи за нега на тело со истиот мирис, и покрај на пулсните точки, нанесувај и на облеката и на косата.

Во чантата: шишенце од твојот омилен парфем, или пак неговата мала верзија.

4. Испрскај ја енергијата

Работа, вежбање, пријатели, дома. Кој не го знае ова сценарио? Доколку сакаш брзо освежување во напорниот ден, понеси со себе парфимиран спреј за тело. Разладувачката сензација ќе ти даде енергија, а мирисот ќе го подобри твоето расположение. Можеш да напрскуваш и на постелнината за да го освежиш домот и да ја почувствуваш пролетта насекаде.

Што имаш: умор по зимата, недостаток на енергија

Наш совет: спреј за тело со вкусни овошки и егзотични цвеќиња.

Во чантата: спреј за тело, на пр. Pink Daisy

5. Истакни го изразот

Дали маскара и црно моливче за очи е твојата секојдневна шминка? Тоа е секако безбедна, класична и елегантна варијанта и доколку тоа ти се допаѓа, сосема е во ред. Но, доколку сакаш да го истакнеш изразот, фокусирај се и на веѓите. Начинот на кој се обликувани веѓите може драматично да ја промени перцепцијата на луѓето за тебе. Пинцетата знае да одземе доста време и трпение, но стилизирањето на веѓите може да се направи додека да трепнеш.

Што имаш: стандардна шминка – маскара + моливче за очи.

Наш совет: потенцирај го изгледот на веѓите со комплетот за стилизирање.

Во чантата: комплет за совршени веѓи.