Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

5 кардинални грешки во негата на косата

Прекрасна, цврста, сјајна и свиленикаво мазна коса е она за што размислуваш? Дали им завидуваш на моделите, претпоставувајќи дека никогаш нема да имаш таква коса? Тоа не е вистина! Сѐ што ти треба е правилна нега. Провери дали правиш грешки кои те спречуваат да дојдеш до саканите задоволителни резултати.

Состојбата на косата е променлива – таа зависи од менструалниот циклус, хормоните, општото здравје, претераното вежбање и времето. Климатизираната канцеларија, капите во есен и зима во комбинација со температурните промени и силното сонце во текот на летото може значително да ја оштети косата. Ако се стремиш кон брзо опоравување со помош на различни производи, тогаш ја правиш првата грешка.

Не премногу одеднаш!

Применуваш нови трендови и твојата желба да добиеш прекрасна коса те турка кон постојани експерименти и менување на козметиката. За жал, постојаното користење на производи за нега – новитети, во големи количини и сите одеднаш – маски, масла или домашно направени препарати – прави револуција на косата, но тоа не значи дека таа изгледа подобро. Оптоварената коса многу брзо станува масна и несредена. Премногу производи не му одат во прилог на скалпот на главата. Биди внимателна и избери производи кои ги задоволуваат твоите специфични потреби на најдобриот начин.

Соодветна козметика – само онаа која ѝ треба на косата!

Најважното правило на правилната нега е добриот избор на производот за одржување кој нема да ја оптовари косата! Не секој производ служи добро. Застани пред огледалотои погледни ја косата и скалпот.

  • Дали твојата кожа е сува, а косата има расцветани врвови? Ако да, хидрирањето е она што треба да се стори прво.
  • Ако косата е интензивно боена, избери технолошки напредна маска која ќе ја обнови косата, истовремено штитејќи ја бојата. Вистинските производи даваат сигурност дека косата нема да биде преоптоварена, а твојот специфичен проблем ќе биде решен!
  • Ако често користиш жешка пегла за виткање, избери производи со арганово масло – тоа е најдобар лек за сувата коса.
  • Ако си ја осветлувала косата или си нанесувала други третмани кои се штетни, избери кератинска маска со масло од авокадо. Ти имаш потреба да ја обновиш структурата на косата.

Забави!

Времето и трпението се есенцијални за вистинска нега! Ти нема да ги постигнеш саканите резултати по само неколку денови, така што не го очекувај тоа. Биди упорна и редовно нанесувај ги третманите за нега најмалку неколку недели. Косата бара упорност! Ако досега го миеше скалпот со грубо тегнење на косата, брзо и невнимателно, вистинско време е да ги промениш навиките. Биди нежна со себе. Можби, наместо да ја миеш косата наутро кога брзаш, стори го тоа навечер и остави природно да се исуши ...? Наутро само потсреди ја. Кога веќе сме кај тоа … што користиш за средување на косата?

Соодветни додатоци – не ја тегни косата!

Дали ја тегнеш косата со жичана четка? Или користиш чешел кој го зголемува статичниот електрицитет? Време е да ги набавиш соодветните додатоци – тие многу придонесуваат за добрата состојба на косата. Најпрво, добрата четка треба да има природни влакна кои не ја тегнат и кинат косата. Исто така ќе ти треба добар чешел за чешлање на влажната коса – тоа е најлесниот начин да се ослободиш од големите заплеткани топки во косата!

Добра исхрана = цврста коса!

Она што јадеш е од голема важност. Ако твојата исхрана не е разновидна и ако тежнееш кон брзата храна, кафето, не ги намалуваш алкохолот и цигарите – немој да се изненадиш ако твојата коса и кожа го покажат тоа. Треба да ја подобриш нивната состојба однатре. Витамините и минералите во исхраната функционираат подобро од најдобрата козметика! Косата бара протеини, железо, цинк, A, E, Б и Д витамини и Омега-3 масни киселини.

Многу среќа со негата на косата!