Македонија
    |         |         |    
ЗОШТО Е ПОДОБРО ДА БИДЕШ СВОЈА - AVON Македониjа

ЗОШТО Е ПОДОБРО ДА БИДЕШ СВОЈА ОТКОЛКУ ДА СЕ ПРЕПРАВАШ ВО НЕКОЈА КОЈА НЕ СИ?

Дали постојано се споредуваш со другите? Дали постојано си незадоволна со себе? Дали сè уште ги забележуваш твоите несовршености со тоа што ги занемаруваш твоите предности? Време е да го промениш ова. Зошто е подобро да бидеш своја отколку да преферираш да бидеш некоја која не си?

Ние, жените, постојано сме незадоволни од самите себе. Сите ние имаме колешка, пријателка или познаничка, за која мислиме дека е поубава или пошармантна. Во меѓувреме, сите нас не нè привлекуваат совршените луѓе, туку оние кои се сакаат и прифаќаат себеси, оние кои покажуваат здрава доза на одвојување од оваа самосвесност и незадоволство од себе.

Постојат и други причини да бидеш своја. Кои се тие? Ние го проверивме ова!

  1. Биди своја, сите други се веќе зафатени

Веројатно си го видела овој популарен слоган во интернет-„мемињата“ кои не секогаш се вистинити, но токму ова е прилично точно. Сите ние сме уникатни и на наш начин необични. Не треба да го потценуваме овој факт, ниту да сонуваме да бидеме други. На крајот на краиштата, без разлика колку се обидуваме да личиме на некого, ќе завршиме само како уште една верзија на самите нас, а не некоја нова Џулија Робертс.

  1. Оргиналите се секогаш повеќе ценети отколку имитациите

Затоа мораме да го цениме оригиналот – самите себеси. Можеш да ја промениш твојата фризура, чевли или нијансата на кармин, но нема поента да се преправаш дека си некој кој не си. Во најдобар случај, ќе изгледаш лажно, а во најлош случај - смешно.

Твоите оригинални особини - карактерот, убавината и личноста - создаваат една и единствена верзија на тебе. Цени ја и престани да губиш време обидувајќи се да бидеш некоја друга!

  1. Не мора да се преправаш

Ова е голема предност. Размисли, колку долго можеш да живееш со вовлечен стомак, со постојано издишување, и со вечното чувство на "должност"? Ова е заморно и разочарувачки, а сето ова погоре бара непотребен напор. Лагата обично излегува на виделина, а да се грижиш за ова е всушност полошо од прифаќањето на она што си.

  1. Како да се цениш и сакаш себеси во 5 чекори?

Бидејќи веќе знаеме дека е безначајно да се преправаме, конечно мораме да се цениме и сакаме себеси повеќе. Се чини лесно, но дали е навистина? Тоа е полесно да се каже отколку да се направи? Немој да ги комплицираш работите и искористи ги нашите едноставни совети подолу!

  1. Прво, препознај се себеси како вредна, супер личност. Немаш докази? Напиши ги; види во себе она што е добро, убаво, интересно. Прашај ги твоите пријатели и луѓе кои ги сакаш, која од твоите особини ја ценат најмногу.
  1. Престани да се споредуваш со другите. Денес, сега. Ова е пат кој не води кон ништо.
  1. Откриј ја твојата убавина и вложи го своето време и посветеност на ова. Купи парфем кој одговара на твојата личност, инвестирај во фустан кој те тера да играш, едноставно искористи го својот внатрешен шарм.
  1. Прифати го она кое што не можеш да го промениш. Не секој од нас може да има долги нозе, но тоа не значи дека ништо не е во ред со нас!
  1. Работи на она кое можеш да го промениш, но намерата нека ти биде љубов кон себе, а не желба да ја придобиеш наклонетоста на светот.

Запомни! Постои само една Ти!

Совети за подобрување на твојата самодоверба:

  • Црвен кармин или лак за нокти: тие се подеднакво добри како црвениот фустан. Ако ова е премногу за тебе, започни со ноктите.
  • Не заборавај на твојата позиција: Наведнат грб и рамена нема да направат да изгледаш подобро. Не мора да изгледаш круто и стегнато. Доволно е да стоиш исправено.

Добро избраниот мирис секогаш ја поттикнува самодовербата. Цитрус и цветни мириси, особено не премногу слатки, стимулираат и негуваат. Пробај го новиот  Eve Truth и дознај како делува на тебе!