Македонија
    |         |         |    
ПРВА ЉУБОВ: КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕШ - AVON Македониjа

ПРВА ЉУБОВ: КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕШ?

Со сигурност не постои друго чувство, освен можеби спротивното од љубовта - омразатакои би предизвикале толку многу емоции. Љубовта, кога ќе не обземе, секогаш изгледа исто толку интензивна како и првата.

Љубовта е како грип: секој има слушнато за неа, нема за што да се грижиш, но кога таа ќе ти се случи, буквално може да те обземе целосно и да не ти дозволи трезвено да размислуваш. Затоа и ги правиме најголемите непредвидливи нешта токму кога сме вљубени.

Психолозите истакнуваат дека оваа емоција предизвикува доза на лудило. Па, дали е навистина љубов она што го чувствуваш?

Како да препознаеш?

  1. Мислиш на него постојано. Дури и сега.

Не е важно дали имаш 17, 27 или 42 години. Љубовта еднакво ги обзема сите возрасти. Ако ова ти се случува за прв пат, може да бидеш изненадена од интензитетот на твоите мисли и степенот до кој избраникот ти го окупира твојот мозок. Ако на прашањето за тоа дали размислуваш на него цело време, одговорот е силно: ДА !!!! Велиме: ова може да биде љубов!

  1. Имаш проблем да останеш фокусирана, и едноставно сите задачи изгледаат како вечност додека ги завршиш

За жал за некои, а за среќа за другите, љубовта му го прави на мозокот она што  зашеметувачката граната им го прави на ушите. Кога ќе експлодира, навистина е тешко да го вратиш фокусот, додека слушаш ѕвонење во ушите. Дали си расеана, не обрнуваш внимание, а твоите пријатели продолжуваат да ти зборуваат како треба да се собереш? Ова е втората точка: ова може да биде љубов!

  1. Го губиш апетитот, чуствуваш пеперутки во стомакот, твојот глас трепери, и се чувствуваш како целото тело да е против тебе

Психолошките реакции на твоето тело, кои ги вклучуваат познатите пеперутки во стомакот и WOW-ефектот што го предизвикува твојот сакан, се резултат на хормони произведени од твојот мозок за време на непријатност. Овој коктел на хормони може да се спореди со интоксикација предизвикана од лекови и затоа не треба да те изненади интензитетот на твоите психолошки и емоционални реакции.

  1. Сакаш да продолжиш да зборуваш за тоа, или сосема спротивно: тоа е твојата најголема добро чувана тајна.

И двете верзии се во ред, а освен тоа, тие може да се појават една по друга.

Ако се чувствуваш како да сакаш да ја раскажеш твојата љубов на целиот свет, не заборавај да го вклучиш хаштагот #прваљубов! Покажи му го ова на светот и забавувај се!

На крајот, не постои ништо поубаво од состојбата на вљубеност! Ти го посакуваме ова чувство секогаш, а не само во Февруари!