Македонија
    |         |         |    
Контурирање за почетници - AVON Македониjа

Контурирање за почетници!

И покрај фактот што контурирањето е добро позната тема, многумина од нас сè уште не знаат како да ја искористат оваа важна техника. Се плашиме дека ефектите ќе бидат претерани, лажно верувајќи дека контурата е тешка уметност. Крајно време е да се урнат тие митови и да научите како да го контурирате лицето за да го постигнете посакуваниот изглед!

Познатите личности и нивните шминкери популаризираа техника на контурирање, која е сега веќе добро позната. Меѓутоа, како што често се случува со светот на шоу-бизнисот, техниката често се користи со претеран и гротескен начин, што ја прави помалку посакувана како нормална техника на шминкање.

Сепак, контурирањето може успешно да се користи во твојата секојдневна шминка, додавајќи шарм на твоето лице со дефинирање и истакнување на цртите.

Што прави контурирањето?

Со контурирање можеш да ги дефинираш твоите црти на лицето: да го истенчиш, да ги нагласиш јаболкниците, визуелно да го намалиш или зголемиш лицето, да ја контролираш височината на челото, носот, брадата или дури ... оптички да го зголемиш твоето деколте.

Оваа универзална техника може веднаш да го поправи она што не го сакаш, а во секојдневната шминка треба да се користи толку често колку и маскара или сјај за усни.

Дали претеруваме? Не! Контурирањето во секојдневната шминка се состои од неколку потези со четки кои го прават твоето лице тридимензионално, експресивно и хармонично пропорционално.

Производи за контурирање

Во основната верзија сè што ти е потребно за контурирање е бронзерот, нагласувач, руменило и соодветната четка, или најидеално 2 четки. Ако сакаш да бидеш сигурна дека имаш сè што ти треба и дека производите се добро усогласени, избери ја нашата Кутија за контурирање. Таа ги содржи сите неопходни алатки, вклучувајќи спреј за фиксирање на шминка од линијата MARK Magix, незаменлив во секоја прилика. Твојата шминка, фиксирана со овој спреј, ќе остане непроменета со часови.

Како да го контурираш твоето лице?

Запомни дека контурирањето е елемент на шминката, па првиот чекор треба да се состои од подготовка на лицето со нанесување на течна пудра. Вториот чекор е да се покријат несовршеностите со употреба на коректор.

Сега можеме да продолжиме со контурирање. За визуелно потенко лице, нанеси ја потемната нијанса на деловите кои што сакаш да ги сокриеш или намалиш, а нагласувачот на делови кои што сакаш да ги потенцираш. Ова е општо правило што треба да го тестираш и да провериш како ги менува твоите карактеристики на лицето. Ние те советуваме за нанесување на висококвалитетен нагласувач под веѓите, кој "го отвора" и го зголемува окото, како и над средината на горната усна, каде што има добро дефинирана вдлабнатина во средината. Применувањето на нагласувач во оваа област ќе ги направи усните пополни и подефинирани.

Се разбира, техниката на контурирање на лицето зависи од обликот на лицето. За да видиш како да нанесеш шминка за да го нагласиш она што сакаш да го прикажеш и за да го скриеш она што не го сакаш, можеш да ги погледнеш сликите подолу (слики од брошура) или да погледнеш водичи за контурирање на лицето, на пр. на YouTube.

Не се плаши од контурирање!

Правилото за користење на контурирањето е истото кое важи за сè друго: треба да се проба и да имаш малку пракса пред целосно да ја разбереш техниката.  Искуството и праксата се најдобри наставници. Вреди да се обидеш, да провериш, а не да се обесхрабриш од првите неуспеси.

Контурирањето изгледа комплицирано, но на крајот тоа е едноставна техника за шминка која не бара големи вештини или специјален талент.  Најголемата помош за започнување на твојата авантура со контурирањето како техника, сигурно ќе биде AVON професионалната кутија за контурирање.

Пробај, гарантираме дека ќе успееш!