Македонија
    |         |         |    
Како да ја направиш оваа зима посебна - AVON Македониjа

Прочитај ги нашите совети како да ја направиш оваа зима посебна!

И покрај студеното време надвор, периодот на зимски забави, кој започнува со Нова година, значително може да ги загрее срцата и умот! Како да го поминеш тоа време, а сепак да имаш вистински почеток на новата година и да не ги уништиш твоите новогодишни одлуки?

Секоја година си ветуваш себеси дека вистински ќе се забавуваш и дека ќе лудуваш како никогаш претходно, но сепак ова обично останува само како желба. Дали си претежно интровертна, не уживаш во напуштање на домот и твојот партнер повеќе преферира опуштени активности како што е гледањето телевизија? Или можеби си слободна дама и забавите можат да претставуваат можност да запознаеш некого пред следниот Ден на вљубените? За секоја од вас подготвивме неколку совети за овојпат да си поминете навистина посебно!

Водич за забави: како да се забавуваш без да се покаеш?

Сигурно досега си присуствувала на новогодишна забава - на крајот од денот, сепак тоа е настан кој се случува само еднаш годишно! Но, времето на забави продолжува и треба да ја искориститиш максимално секоја предност што се нуди!

Постоеја времиња кога забавата траеше 3 дена, а следните 3 дена беа резервирани за добар одмор, но овие времиња одамна ги нема за мнозинството од нас. Работиш или учиш? Петок и сабота се најдобри денови за забава. Испланирај 2-3 забави месечно, само осигурај се дека по забавата до зори ќе имаш доволно време за да ја обновиш твојата енергија.

Како да бидеш кралица на забавите? Обиди се да подготвиш уникатен изглед и да запомниш дека ова не е време за класични црни фустани и скромен „smokey eyes“ изглед! Сега можеш навистина да експериментираш и да ги маѓепсаш другите со твојата појава. Оставањето силен впечаток може многу да се подобри со одлично искомбинирани парфеми, како на пример, Sparkling Attitude.

Немаш со кого да одиш на забава? Запознај нови луѓе! Денес, во ерата на интернет светот, ова е навистина лесно.

Водич за забава за оние кои сакаат да седат дома: како да излезеш надвор и да не ги поминуваш твоите вечери седејќи на удобниот кауч?

Како возрасни, основаме семејство, остануваме во долгогодишни врски и го трошиме најголемиот дел од нашето време работејќи. Забавите и времето за забава стануваат сè помалку и помалку важни. Сепак, вреди да се забележи дека понекогаш на сите ни е потребен одмор од секојдневната рутина. Треба да остваруваме контакт со други луѓе, треба да се чувствуваме живо; сепак, и покрај неизбежното поминување на времето и стареењето, сè уште знаеме како навистина да се забавуваме.

Седењето дома е привлечна опција, фотелјата и телевизорот се наши добро познати стари пријатели, но ние сме родени само за да работиме, да ги плаќаме сметките и да старееме!

Периодот по новогодишната ноќ е период кога има многу забави, па постојат многу причини зошто треба да излезеш надвор. Во твојот случај, домашната забава не е многу препорачлива опција. За ваков тип на забава нема да нанесеш екстравагантна шминка, нема да облечеш потпетици или ќе го заборавиш твојот фенси фустан во гардероберот. Обиди се да излезеш со пријателите во некој клуб. Само одбери датум и танцувај на подиумот!

Водич за слободните дами

Времето за забава е прекрасна можност да се запознаеш со некого и одлично да го поминеш времето, особено ако една од твоите новогодишни одлуки е да не го поминеш овој Ден на вљубените сама.

Што најмногу се вреднува? Биди проактивна и напушти ги твоите четири ѕида! За да запознаеш некого, едноставно мора да излезеш и да запознаваш нови луѓе! Не сакаш големи забави? Организирај забава со пријатели и замоли ги да ги поканат нивните пријатели! Ова е одличен метод за проширување на твојот круг на пријатели, па - кој знае? - Можеби токму тука ќе го запознаеш твојот иден партнер?

Твоите пријатели се разочарувачки? Остани проактивна! Користи дигитални апликации за запознавање и излегувај со некој кој ќе го привлече твоето внимание! Нема ништо невообичаено во користењето на ваквите апликации - многу луѓе ги користат! За прв состанок одете на кафе или на ручек заедно, но на следниот - под услов хемијата помеѓу вас да постои - може да танцувате и да се забавувате цела ноќ!

Нека оваа зима биде фантастична!