Македонија
    |         |         |    
Трендови за шминка за 2019 - AVON Македониjа

Трендови за шминка за 2019- провери што е во мода!

Модните трендови, како што се трендовите за шминка, се менуваат секоја сезона. Што ќе биде во мода оваа Нова година? Кои производи ќе бидат најпродавани во 2019? Каков тип на шминка треба да имаш за да избегнеш да изгледаш старомодно?

Пред да ги опишеме трендовите, дозволи нѝ да го потенцираме основното: има типови на шминка кои се СЕКОГАШ во мода и ништо не може да го смени тоа. Црвен кармин, црна маскара или очи со „smokey eyes“ ефект се класика која никогаш нема да излезе од мода.

Зошто е корисно да ги познаваш новите трендови? Исто како модата, шминката претставува елемент на животниот стил и добрата забава. Не треба да ги применуваме сите модни детали во нашиот живот, но сепак сме слободни да ги користиме оние што нѝ се допаѓаат и да се чувствуваме збогатени.

Да не ја менуваш шминката е како да го носиш истиот фустан цел живот! Светот е толку богат, што е штета е да го трошиш тоа богатство со континуирано користење на едни и исти стилови.

Трендови на шминка за 2019 - што ќе биде во мода?

Во светот на модата трендовите се однапред претставени. Модните дизајнери ги промовираат своите колекции неколку месеци пред пред почетокот на актуелната сезона и обично во текот на летниот период сите кројачки работилници и модни писти веќе работат со полна пареа за следната зима.

Ние ги забележавме следните трендови за зимската и пролетната сезона во 2019:

  1. Умереноста веќе не е во мода!

Нежната и едвај видлива шминка е дел од минатото. 2019-та дефинитивно не е година на суптилно нагласени образи и маскара која едвај е нанесена на трепките. Зимско- пролетната шминка треба да биде впечатлива и да привлече внимание.

  1. Силно нагласување? ДА!

Ја оставивме умереноста на страна, но тоа не значи дека сè треба да биде неограничено. Трендовите за 2019-та година покажуваат силно нагласување во шминката. Тоа може да бидат силно акцентирани усни, веѓи или геометриски линии на очите. Новата линија приозводи MARK TATTOO одговара совршено за ваквите решенија.

  1. Смели бои

Можеме да се забележат на модните писти, но нема причина да не ги искористиш за време на многубројните забави! Дизајнерите и шминкерите нè охрабруваат оваа сезона да експериментираме со бои кои едвај ги користиме на секојдневна основа. Ултратемносина, аквамарин и розова боја – препорачуваме да забавуваш со твојот изглед!

  1. Светки, повеќе светки!

Шминката која ја гледаме на модните писти со колекциите од 2019-та година изненадува со широка употреба на сјајни брокатни нијанси - се користат кај сенките за очи, кармините, на ноктите. Друг тренд е сјајниот изглед - нагласено, свежо лице. Се разбира, ова не е решение за секого, но е дефинитивно интересен тренд за следење!

  1. Усните се во центарот!

Оваа сезона не треба да излегуваш никаде без кармин. Што се однесува до боите, изборот е голем. Можеш да избереш суптилен сјај за усни или силни бои како црвената и виолетовата - не ја заборавај првата точка на ова набројување!

Запомнете: никогаш не можеш да имаш премногу кармини! Се препорачува да ги менуваш исто како што ги менуваш фустаните: ништо не го подобрува расположението и не предизвикува насмевка како прекрасно обоените усни!