Македонија
    |         |         |    
Како да се подготвиш за новогодишната вечер - AVON Македониjа

Како да се подготвиш за новогодишната вечер? Овие модни додатоци ќе направат вистински да заблескаш!

Новогодишната ноќ е вечер во годината кога воопшто не мора да бидеш скромна или помалку впечатлива. Напротив, сè треба да сјае во текот на овие два дена во годината! Тоа те вклучува и тебе!

Ако добрата забава и неверојатниот изглед за време на новогодишната ноќ се прогноза за тоа како ќе изгледа следната година, постои само една цел: мора да си поминеш прекрасно и да изгледаш како милион долари. Сепак, поентата не се состои во тоа да вистински ги потрошиш тие „милиони долари“ и да останеш без денар.

Ние ти подготвивме неколку докажани трикови за неверојатен изглед по пристапни цени! Дознај ги нашите совети!

  1. Малиот црн фустан не е доволен!

Барем не за овој период! За Новогодишните прослави, охрабри се себеси да облечеш нешто пооткачено и шик.

Малиот црн фустан со светкав горен дел го задржува класичниот шарм, а сепак е малку разигран. Благодарение на долниот дел во крој кој се шири и системот Body Illusions, овој фустан се приспособува на твојата фигура и оптички ги елиминира несовршеностите. Опција која се препорачува особено по гозбите за време на празниците!

 Како да се подготвиш за новогодишната вечер?
  1. Накит кој ќе маѓепсува...и тоа не само тебе!

Ова е времето кога ќе треба да го славиш падот на скромноста. Накитот кој се носи за новогодишната забава треба да се разликува од оној кој го носиме за време на Божиќ или на деловна вечера.

Ако сакаш сребрена боја и смирен сјај, имаш широк спектар на избор – усогласи ги твоите алки, часовник, ѓердан или обетки.

Исто така има доволен избор и од накитот во златна нијанса. Запомни дека иако не е потребно да е скромен, препорачливо е накитот да се совпадне комплетно. Комбинирањето на сребрено со златно или мешање на нијанси може до некаде да биде ризично. Би било добро да одлучиш која нијанса ќе ја одбереш и следствено на тоа да се придржиш до твојот избор.

Како да се подготвиш за новогодишната вечер 2
  1. Шминка за заокружување на изгледот

Веќе имаш фустан и модни додатоци? Време е да се фокусираме на соодветна шминка! За да го направиш целиот изглед привлечен и гламурозен, шминката треба да биде нагласена и елегантна истовремено, но не треба да се натпреварува со остатокот од твојата модна комбинација.

Фокусирај се на само еден забележлив елемент: нагласи ги очите или усните - а остатокот треба да формира една прекрасна позадина. Дали ти треба повеќе инспирација? Ќе ја пронајдеш во статијата за новогодишната шминка!

Нека оваа новогодишна ноќ  биде незаборавна, а Новата Година - извонредна!