Македонија
    |         |         |    
Потскрати или обнови - AVON Македониjа

ПОТСКРАТИ ИЛИ ОБНОВИ? ОВА Е ПРАШАЊЕТО!

Нашата поврзаност со косата е комплексна. Додека состојбата на кожата може да се подобри за неколку дена, на косата, се чини, ѝ треба повеќе време. Многумина од нас треба да изберат: да ја потскратат или пак да ја обноват оштетената коса? Дали регенерацијата е можна?

Прво, да спомнеме неколку факти: косата расте околу 1 см месечно, но сепак ова е просечна вредност, така што во одредени периоди може да расте и побавно. Поради тоа, на кусата коса со должина од 5-7 см, може да ѝ биде потребно дури и до 2 години за да порасне до должина на рамо.

Потскратувањето на косата за многу жени е последниот избор, бидејќи процесот на враќање на омилената должина може да биде фрустрирачки и долг. Вреди внимателно да ја размислиш посетата на твојот фризер и превземањето на какви било поголеми чекори поврзани со тоа, бидејќи штом се скрати, повеќе нема назад, а исто така, можно е да ти недостигаат твоите долги кадрици подолг период.

Што е оштетена коса?

Косата е чувствителна на температура, фризерски третмани, сонце и морска вода. Факторите кои не можеме секогаш да ги контролираме, како на пример, хормоналните промени или здравствените проблеми, исто така може да бидат штетни.

Косата често изгледа непријатно по летото: суво и кршливо, но и есента и зимата не се едноставни сезони. Воздухот во загреани простори заедно со интензивни производи за стилизирање на косата, исправувањето или виткањето со загревачки уреди за коса, носењето капи, мразот, температурните разлики помеѓу внатрешните простории и атмосферата надвор - сите овие фактори може да го зголемат губењето на косата, да придонесат до суви, испукани врвови и непривлечен изглед на косата.

Регенерација на косата – да или не?

Вистинската регенерација на коса е слична на Јети: сите веруваат во тоа, а сепак никој не го видел. Постојат многу методи, од домашно направени лекови до професионални третмани: некои од нив се скапи и специјализирани, и освен тоа, бараат редовни посети на фризерскиот салон.

Соочени со такви околности, многу од нас се откажуваат и одлучуваат да ја потскратат косата, но тоа може да не биде вистинското решение на крајот.

Новата коса која допрва расте, исто така ќе биде подложена на штетните агенси, и што нѝ преостанува тогаш? Затоа, препорачуваме регенерација, но поентата е тоа да се направи добро.

Волшебен еликсир – дали е возможно?

Ако успеавме да те убедиме да се грижиш за твојата коса, имаме добри вести. Можеш да го направиш тоа брзо и ефикасно, а првите резултати ќе те поттикнат да правиш редовни напори. Новиот еликсир од Advanced Techniques линијата, со кокосово и арганово масло, ја прават твојата коса свиленикава, мазна, мека и едноставно неверојатна.

Овој еликсир можеш да го користиш на повеќе начини:

  • како маска која се нанесува на косата пред миење, за најдоброто обновување и потхранување
  • како навлажнувачки третман пред сушење на косата,
  • за да ги нагласиш краевите на косата при обликувањето

90% од корисниците го потврдуваат прекрасниот ефект на овој еликсир!

Погрижи се да го пробаш пред да посегнеш по ножиците или пак да закажеш состанок со твојот фризер!