Македонија
    |         |         |    
Како да ја избереш вистинската шминка која ќе прилега - AVON Македониjа

Како да ја избереш вистинската шминка која ќе прилега на твојата природна убавина? Докажани трикови за да ги шармираш оние покрај тебе!

Дали сакаш да користиш шминка, но не знаеш како? Дали си експериментирала обидувајќи се и грешејќи, а немаш претстава што ти прилега, а што не? Дали се трудиш да ги поправиш грешките во шминкањето кои прават да изгледаш повозрасно? Ние подготвивме описен водич за да можеш да ги шармираш твоите пријатели и да ги создадеш вистинските навики при шминкањето!

Дали постои универзална шминка? Теоретски гледано - да, исто како што сите ние можеме да облечеме класичен црн фустан или класична бела кошула и да изгледаме одлично. Сепак, секогаш постојат некои проблеми. Не секој изгледа добро во истo парче облека, некои дизајни изгледаат поубаво, некои не, а многу други дефинитивно треба да се избегнуваат.

Жените со пошироки колкови треба да ги избегнуваат „цевка“-панталоните, но можат да изгледаат чудесно во здолништа со А – крој, кои ја нагласуваат половината и ги кријат полните колкови.

Слични правила важат и за шминката.

Не секоја шминка е соодветна во секоја пригода, а кога неправилно се нанесува, може да направи повеќе штета отколку добро.

Кои правила треба да ги следиш?

 

Избор на шминка: дознај ги твоите силни и слаби страни

Пред да одбереш шминка, добро погледни си го лицето и дефинирај ги твоите силни и слаби страни.

На што најмногу се гордееш? Што сакаш да истакнеш, а што да сокриеш? Големите очи можат да бидат поинаку нагласени од помалите; обемниот нос може да биде оптички намален, додека пак тенките усни можат визуелно да се зголемат.

Како да ја избереш вистинската шминка Како да ја избереш вистинската шминка  1

Само треба да бидеме свесни она што сакаме да го постигнеме, избегнувајќи притоа несвесно да ги нагласуваме нештата кои повеќе би сакале да ги сокриеме

Вреди да се дознае сопствениот тип на убавина: дали имаш топол или ладен тен, дали си пролетен, летен, зимски или есенски тип? Можеш да прочиташ повеќе за ова на https://avon4.me/2nRy6Zz

 

Избор на шминка: очи

Ако твоите очи се големи, можеш да направиш било што; добро нанесената маскара им стои на сите. Ако твоите очи се мали, треба да ги избегнуваш темните нијанси на долниот очен капак: црното моливче за очи на внатрешниот раб на окото не доаѓа предвид, бидејќи тоа значително ќе го намали окото и ќе го направи да изгледа уште подлабоко.

Ако сакаш  визуелно да ги зголемиш очите, користи дијамантско моливче, по можност во посветла нијанса. Најголемиот ефект може да се постигне со потемна линија на горниот очен капак, и посветла на долниот очен капак.

Окото може да биде визуелно истакнато со посветла сенка под веѓата. Осветлувањето на овој дел создава ефект на повеќе простор и помага да ги истакнеш очите.

Интензивниот „зачаден“ изглед на очите не изгледа добро на многу ситни и длабоко поставени очи; освен ако не сакаш да го доловиш тој ефект, избегнувај ги темно кафеавите, црните или виолетовите нијанси.

Избор на шминка: усни

Овој дел од телото овозможува поголем избор, но вреди да ги дознаеш најдобрите трикови. Свесноста за твојата убавина придонесува многу. Различни нијанси одговараат на постудени тенови (нежно розова и беж, црвена со нагласувања на сина и виолетова), а други одговараат на потоплите тенови (корална, портокалово-црвена, топло-беж и кафеава).

Како да ја избереш вистинската шминка  1

Запомни дека сјајот за усни секогаш визуелно ги зголемува и видливо ги истакнува усните: тоа ќе функционира особено добро ако усните се тенки и тесни.

Мат-кармините идеално ги нагласуваат усните со добар облик, но тие бараат поголема прецизност. Ако ти недостасува искуство, подобро е да користиш сјај.

Сатенските мат-нијанси се „златна средина“, бидејќи тие добро им стојат на сите.

А што со бојата? Посветлите нијанси се препорачуваат за зголемување на усните. Ако усните ти се природно полни, можеш да користиш каква боја сакаш, дури и многу интензивна; препорачливо e да ја избегнеш силната шминка на очите кога ќе користиш интензивна нијанса на кармин, во спротивно твојата изглед може да биде пренападен.

Избор на шминка: течна и камена пудра

Ова е дел каде познавањето на твојот тип на убавина може многу да помогне; и типот на кожата може да помогне исто така. Се препорачуваат разни шминки за сува или мешана кожа. Бојата на пудрата треба да биде избрана "во живо"; ако можеш, прво пробај мостра: така ќе имаш повеќе шанси да го направиш вистинскиот избор.

Како да ја избереш вистинската шминка  2

Камената пудра е  полесно да се избере, особено ако бараш транспарентени мат-пудри во прав, кои добро се приспособуваат на тенот на кожата и не ја менуваат нијансата на течната пудра. Истите правила важат за изборот на руменило или бронзерот. Ако сакаш визуелно да го намалиш обемот на лицето, да ги нагласиш твоите карактеристични црти, или да направиш твоето лице да изгледа потенко, запознај се со правилата за контурирање.

Избор на шминка: години

Шминката треба да се прилагоди според возраста и настанот на кој присуствуваме. Очигледно е дека не можеме постојано да носиме црвен кармин, а „зачадениот“ изглед на очите додека сме на базен или на плажа изгледа прилично смешно.

Треба да запомниме дека интензивната шминка може да нѐ направи да изгледаме повозрасно и посериозно, а за некои професии таа е несоодветна.

Секојдневната шминка за помладите и повозрасните дами треба да биде деликатна и нежна. Сјај за усни, хидратантен кармин, течна пудра или ББ-крем и маскара се доволни.

За поголемите настани можеме да додадеме нијансирано моливче или туш за очи, како и сенка за очи.  Секојдневната шминка треба да вклучува и нагласени веѓи: потребно е само еден миг и не бара голема вештина, а сепак извонредно го менува лицето и ги истакнува цртите.

 

Дознај ги правилата, прекрши ги правилата

На крајот, запомни: правилата се одлични, но понекогаш треба да ги следиш потребите на твојата душа и едноставно да се забавуваш! Во тие пригоди, препорачливо е да имаш брокатна нијанса на лак за нокти, екстравагантен розов кармин или разни нијанси на сенки за очи во твојот несесер.

Шминката не само што треба да ја истакне твојата убавина, туку треба и да ти предизвика чувство на задоволство, а притоа да си креативна и да се забавуваш!

Немој да изгледаш многу сериозна со твојата шминка! Биди инспирирана од креациите на познатите личности и блогери од YouTube и воодушевувај ги другите со нешто кое никој од тебе не го очекувал!

Со среќа!